Денеска пак ќе биде топло, околу 20 степени


Фото: Б. Грданоски

 

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло за овој период од годината. Повремен дожд ќе има претежно во западните и североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 км/ч). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Времето во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање. Врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник. Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.