Ли се залага за продлабочување на соработката помеѓу Јужна Кореја и НАТО


Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, на денешниот Форум на НАТО за одбранбена индустрија во Анкара, истакна дека се надева дека Сеул ќе ја прошири соработката со сојузниците на НАТО во истражувањето и развојот на најсовремената технологија, како и во производството оружје.

Ли предложи надградба на моменталната одбранбена соработка во „Партнерство 2.0 помеѓу Јужна Кореја и НАТО за одбранбена индустрија“, кое ќе вклучува не само размена на оружје, туку и заедничко истражување и производство на оружје.

– Доколку робусните производствени капацитети на Јужна Кореја и докажаните технологии се комбинираат со долгогодишното искуство на НАТО, одбранбените капацитети на двете страни ќе бидат значително подобрени, наведе Ли.

Тој додаде дека Јужна Кореја е сигурен партнер на земјите-членки на НАТО.