Дрон падна на плажа на руско летувалиште на Црното Море. Тројца загинати многу повредени
Три лица загинаа, а неколку други се повредени откако делови од дрон паднаа на плажа во туристичкото одморалиште Архипо-Осиповка во близина на Геленџик на брегот на Црното Море во Русија, објавија руските власти.
Градот Архипо-Осиповка е административен дел од Геленџик, едно од најпопуларните одморалишта во Краснодарската територија. Гувернерот Венијамин Кондратјев изјави дека украинските беспилотни летала нападнале цивилна инфраструктура и три лица биле убиени кога паднале нивните делови. Тринаесет лица се повредени, вклучувајќи деца, објавува „Медуза“.
Службите за итни случаи и други релевантни служби реагирале на местата на несреќата, а регионалните власти најавија помош за повредените и семејствата на починатите. На социјалните мрежи се појави и видео кое го прикажува моментот кога дронот се урна во близина на плажата. Автентичноста на снимката сè уште не е независно потврдена.
Россия, Геленджик 03. 08. 2026.
Беспилотник рухнул на пляж с отдыхающими в Геленджике и убил троих человек. pic.twitter.com/F3oAO6WxKj— vlajcco8 (@vlajcco8) August 3, 2026
Бројни руски канали на Телеграм и медиуми, како што е каналот „Маш“, објавија видеа и изјави на сведоци кои тврдат дека беспилотни летала летале над плажата непосредно пред експлозиите. Според нив, капачите избегале во паника и се скриле и се покриле со лежалки.
Руското Министерство за одбрана објави дека воздушната одбрана соборила вкупно 131 украински беспилотни летала преку ноќ над руските региони, анектираниот Крим и Црното Море. Украина сè уште официјално не го коментирала нападот, а руските тврдења дека целта била цивилната инфраструктура не можеа независно да се потврдат.