Унгарија и Србија во струјна криза, апели до граѓаните да штедат
целосното исклучување на единствената нуклеарна централа во земјата за прв пат по речиси половина век
Унгарија се соочува со критичен период во следните пет дена, бидејќи најавениот топлотен бран ќе се совпадне со целосното исклучување на единствената нуклеарна централа во земјата за прв пат по речиси половина век, изјави денес унгарскиот премиер Петер Маѓар.
Маѓар изјави на „Фејсбук“ дека електричната мрежа и јавните услуги ќе бидат под голем притисок во наредните денови. Тој ги повика компаниите, локалните самоуправи и домаќинствата значително да ја намалат потрошувачката на електрична енергија во вечерните часови, кога оптоварувањето на системот е најголемо.
Владата на Унгарија донесе уредба со која се предвидува големите потрошувачи кои нема да ја намалат потрошувачката на струја да можат да бидат исклучени од снабдувањето со електрична енергија, пренесе унгарскиот портал „Индекс“.Унга рскиот премиер соопшти дека мерката стапила во сила синоќа во 19 часот. Целта на мерката е зголемување на отпорноста на домашниот електроенергетски систем на пазарните неизвесности и меѓународните нарушувања.
Претходно вчера, од унгарската нуклеарна електрана „Пакш“ соопштија дека поради понатамошниот пад на водостојот на Дунав условен од сушниот период, ќе биде исклучен турбогенераторот на првиот блок. Од централата порачаа дека стручњаците работат 24 часа дневно, за и во екстремни временски услови да се одржи безбедното функционирање на постројката.
Унгарскиот премиер претходно најави дека се очекува целосно запирање на нуклеарната електрана до средината на следната недела. Повторното пуштање во работа ќе зависи од нивото на Дунав, а според проценките би можело да трае околу една недела. Електраната ќе биде повторно рестартирана штом количината на врнежи во сливот на Дунав ќе биде доволна за стабилизација на водостојот.
Владата на Србија исто така ги повика граѓаните рационално да ја користат електричната енергија во услови на силен топлотен бран и рекордно низок водостој на реките, што сериозно го намалува производството на електрична енергија од хидроелектраните.Премиерот Ѓуро Мацут за понеделник најави седница на Штабот за вонредни ситуации,
посветена на екстремно високите температури и состојбата со водостојот на реките, особено на
Дунав. Тој апелираше до граѓаните во наредните десет дена, колку што се очекува да трае
топлотниот бран, да ја намалат потрошувачката на електрична енергија.
Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека
производството во хидроелектраните „Ѓердап 1“ и „Ѓердап 2“ е значително намалено поради
исклучително нискиот доток на вода. Според неа, „Ѓердап 1“ моментално работи со околу 20 проценти од капацитетот, а „Ѓердап 2“ со околу 30 проценти. Таа додаде дека состојбата со хидроелектраните на реката Дрина е нешто подобра, бидејќи дотокот на вода е под просекот, но сè уште е над биолошкиот минимум.
Тропскиот бран предизвикува проблеми во енергетскиот сектор низ Европа, а особено се
погодени Унгарија и Романија, каде што недостигот на вода од Дунав влијае врз работата на
нуклеарните електрани.