Реконструираната пруга за товарен железнички сообраќај Драчево – Илинден ќе профункционира за дваесетина дена
Преку тест возење министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и директорот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид реконструираната пруга од Драчево до Илинден, по која сообраќаат товарни возови.
Според Николоски оваа делница е предвидена исклучиво за товарниот железнички сообраќај со цел подобра организација и развој на целокупниот транспорт.
Според министерството за транспорт и врски завршената реконструкцијата на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден е предвидена да ги пренасочи товарните возови надвор од Скопје.

„Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје“, изјави министерот Николоски.
„Во моментов има тест период, за што е потребно да се направии технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт“, додаде Николоски.
Тој посочи дека со реконструкцијата ќе се заштити животната средина и ќе се намали загадувањето во скопското градско подрачје.
„Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт“, додаде Николоски.
Дополнително е најавено и и предвидено пуштањето на Градскиот воз од први септември со возна линија од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје.