Саемска промоција на романот „Луција“ од новинарката Лилјана Грџо Дамовска


На штандот на книгоиздателството „Сакам книги“ денеска во 18.30 часот ќе биде претставен романот со наслов „Луција“ од новинарката Лилјана Грџо Дамовска.  Според издавачот „Луција“ е интимен портрет на една жена: приказна за копнежот, храброста да се направи различен избор и нови животин почетоци. Ова е нејзина втора книга.  Лилјана Грџо Дамовска е дипломиран новинар, […]

Без вода скопската улица „Мавровска“


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Мавровска“ бр.15 во Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата „Мавровска“ бр.15.

Во недела пренасочување на сообраќајот во Аеродром: Ќе има трка


Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка, информираа од полицијата. – Во недела (26.04.2026) во периодот во 09:00 часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„АСНОМ“ на […]

Рокас оцени дека Скопје има уште многу работа пред себе како Европска престолнина на културата во 2028


Шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, денес, на конференцијата „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во рамки на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“, во присуство на дипломатскиот кор на земјата и функционери од Матера, Подгорица, Торино, Валета, Инстанбул… истакна дека титулата европска […]

Ученици фрлале камења кон слоницата во скопската Зоолошка, а професорите седеле на кафе


Зоонегувателот Виктор кој работи во скопската Зоолошка сподели неубаво искуство кое го посведочил денеска.  Камења биле фрлани кон слоницата во Зоолошката, додека, како што вели, професорите седеле на кафе.  – Денес имав ситуација што искрено ме разочара. Група ученици од средното угостителско „Лазар Танев“ фрлаа камења кон слоницата, додека нивните професори седеа на кафе во […]

Без струја делови од Карпош и Гази Баба поради зафати во електродистрибутивната мрежа


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, од 4.30 до 15.30 часот денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од фирмите „Стил железо“, „Електроводомонд“, „Европа 92“, како и корисниците од улиците „1506“, „1550“ и „Дани Калош“ во Индустриската зона Момин Поток во општина Карпош.  По известување добиено од ЕВН Македонија АД, РЦУК информира дека 8.30 до 14 […]

Конференција „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје“


Град Скопје денеска ќе организира меѓународна конференција „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје“ -Настанот ќе ги обедини водечките институции, градоначалници, европски партнери, експерти, универзитети и меѓународни организации со цел да се отвори стратешки дијалог за урбани политики, културен развој и одржливи европски практики, најави Град Скопје.

HalkEco Skopje Run 10K ги спојува спортот и хуманоста: донации преку eCrowd


Традиционалната трка HalkEco Skopje Run 10K, која оваа година ќе се одржи на 10 мај, добива нова, подлабока димензија, ставајќи ја хуманоста во самиот центар на настанот. Преку соработката со eCrowd, трката се трансформира во платформа што ги поврзува спортот и солидарноста, овозможувајќи им на учесниците да придонесат за оние на кои помошта им е […]

ЈСП воведува дополнителни линии за Саемот на книгата


ЈСП Скопје и годинава обезбедува дополнителен јавен превоз за посетителите на 38. „Меѓународен саем на книгата“, кој ќе се одржува во СЦ „Борис Трајковски“, се наведува во соопштение од претпријатието. Од 23 до 29 април 2026 година во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“, со цел полесен пристап до саемот. Линијата […]

ОУ „Крум Тошев“ во Трубарево ќе добие нови училници


Доградба на три нови училници во Основното училиште „Крум Тошев“ во село Трубарево, санитарен јазол, просторија за технички персонал, како и проширување на кујната, наставничкиот кабинет, библиотеката и останати други пропратни простории, е предвидено со проектот, што се реализира со поддршка на вториот јавен повик на Владата за финансирање инфраструктурни проекти и ова е уште […]

Најиновативно екорешение има тимот на „Коменски“


Меѓу бројната конкуренција, тимот на ООУ „Јан Амос Коменски“ постигна огромен успех освојувајќи ја првата награда во категоријата за Најиновативно екорешение, во рамки на еднодневниот настан „Зеленикс – од предизвик до иновација“, кој го организираше Агенцијата за иновации научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Станува збор за креативен и едукативен ден кој е наменет за […]

Подгответе се за Водно и Прв до врв на 17 мај


На 17 мај 2026, Водно ќе ги обедини љубителите на спортот и природата со 14-тото издание на најмасовниот планински настан во земјата, Sparkasse Life ПРВ ДО ВРВ. Ова е повик до сите рекреативци, професионалци, семејства, компании и пријатели да станат дел од настан кој не е само трка, туку искуство што се памети и ги обединува љубителите на […]

Бесплатни онлајн проекции на еколошкиот филм „Дивиа“ по повод Денот на планетата Земја


По повод Денот на планетата Земја, публиката од регионот од денеска има можност бесплатно онлајн да го погледне еколошкиот документарен филм „Дивиа“  на украинскиот режисер Дмитро Хрешко, кој преку поетски визуелен израз ја прикажува човечката и еколошката деструкција предизвикана од војната во Украина. Филмот ќе биде достапен онлајн до 29 април преку линкот ondemand.kinomeetingpoint.ba. „Дивиа“ […]

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026


Со свечено дефиле на учесниците и културно-уметничка програма на Плоштад Македонија, вечерва во Скопје официјално беше отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026, кое за првпат се одржува во Македонија во организација на Федерацијата за училишен спорт, под покровителство на Министерството за спорт. Главниот град во наредните денови ќе биде светска ракометна мапа на младинскиот […]

Поради зафати, делови од општина Центар утре без струја и вода


Поради зафати во електродистрибутивната и водоводната мрежа, утре ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во делови од општина Центар, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје. Оттаму соопштуваат дека од ЕВН Македонија информираат дека поради технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, без труја ќе останат корисниците од улицата […]

Ученици од скопските училишта смислуваа иновативни решенија за еколошки проблеми


Повеќе од 230 ученици под водство на наставници – ментори, во 43 тимови, денеска смислуваа решенија за еколошки проблеми, а на крај на настанот најдобрите ќе бидат наградени. Денес по повод 21 април, Денот на иновативноста и креативноста, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво ИНОВА, организира настан под наслов Зеленикс – од предизвик до […]

Фонтаните во Скопје добија ноќно осветлување во различни бои


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа сподели видео од фонтаните во центарот на главниот град, кои блескаат во ноќно осветлување. На видеото можеа да се забележат фонтаните лоцирани на плоштадот Пресвета Богородица, фонтаната на плоштадот Македонија, фонтаните пред влезот во Старата скопска чаршија, како и фонтаната на плоштадот ВМРО. „Ова, е само наше Скопје!“, стои во […]

Скопје домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци


Под покровителство на Министерството за спорт од денеска до 29 април, Скопје ќе биде домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци. Како што информираат од Министерството за спорт, на Светското училишно првенство во ракомет се очекува да настапат околу 1000 млади ракометари и ракометарки – средношколци на возраст до 18 години од целиот […]

Без вода и струја неколку улици во Скопје


Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Црвена Вода“ број 9 во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри и […]