Концерт „Звуците на Македонија“ на Школка во Градскиот Парк
Концертот „Звуците на Македонија“, во изведба на студентите по Оркестар на народни инструменти и традиционално пеење, од Факултетот за музичка уметност – Скопје ќе се одржи денеска со почеток во 13:30 часот, на Школка во Градскиот парк.
Од Факултет за музичка уметност соопштуваат дека преку богата програма исполнета со македонски народни песни и инструментални изведби, младите уметници ќе го претстават богатството на македонската музичка традиција и културно наследство.
Настанот е дел од серијата концерти со кои Факултетот ја одбележува својата јубилејна година – 60 години од своето постоење.
Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам и е под покровителство на претседателката на Република Македонија.