Дел од улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ денеска без вода поради дефект
Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат дел од корисниците на улиците „Васил Ѓоргов“ и „Народен фронт“ во Општина Центар поради дефект на водоводната мрежа.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Васил Ѓоргов“ број 20.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата на дефектот.