(Фото) Во Скопје сонцето зајде неколку минути пред затемнувањето


Повеќе десетици граѓани попладнево се упатија кон скопската тврдина Кале со очекување дека ќе присуствуваат на делумното затемнување на Сонцето кое што беше најавено дека ќе биде видливо и од нашите краишта.

Сепак, конфигурацијата на теренот, односно скопската котлина и високата Шар Плнина на запад, го попречија спектаклот, па Сонцето се спуште зад видикот непосредно пред затемнувањето.

Некои од присутните беа седнати на прекривки и уживаа во убавото зајдисонце, кое беше надополнето со облаци кои додадоа малку драматика во целата сцена добивајќи  нијанси на розева боја. 

И покрај тоа што главната атракција, затемнувањето на сонцето, „побегна“ предвреме за неколку минути, присутните добро се забавуваа, снимајќи со мобилните телефони и правејќи селфија. Тоа најдобро го илустрираат фотографиите што ги направи нашиот фоторепортер Борис Грданоски.