Без вода улица Светозар Марковиќ, булеварот Кочо Рацин и објектот Веро Џамбо


Поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улица Светозар Марковиќ бб, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. 

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни


Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и утре ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Според најавите од УХМР, во среда и четврток времето ќе биде …

Од вечер повторно врнежи, кои наместа ќе бидат пообилни Read More »

Без вода дел од Ново Лисиче


Без вода денеска од 10:30 часот се дел од корисниците лоцирани на булевар „Видое Смилевски – Бато“ број 55, од ниска зона. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на приклучна водоводна цевка Ф-80 милиметри на истата адреса. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Без струја корисниците на неколку улици во општините Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром


Без струја поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска ќе останат корисниците на неколку улици во општините Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром.  Како што информира ЕВН Македонија АД денеска без струја од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци (Општина Бутел), од 08:30 до 15:00 часот корисниците од ул. …

Без струја корисниците на неколку улици во општините Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром Read More »

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница


Поради верскиот празник Задушница денеска од 6:00 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока, односно кружно. Сите возила ќе …

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница Read More »

Дебармаалци закроија лозово гранче, се славеа виното и љубовта (фото)


Со традиционална македонска музика, закројување лозово гранче и испраќање порака за мир во реката Вардар денеска почнаа 24. Дебармаалски средби и серенади, посветени на воспевање на виното и љубовта, по повод Св. Трипун и Св. Валентин. Манифестацијата почна кај познатата кафеана „Кај Жабарот“, а ќе продолжи во Градскиот парк, кај споменикот „Гоце Делчев“, каде што …

Дебармаалци закроија лозово гранче, се славеа виното и љубовта (фото) Read More »

Почна реконструкцијата на улицата „Лазо Трповски“ во Чаир


Улицата „лазо трповски3 во скопски Чаир, од денеска се реконстроира, со цел таа да стане безбедна и за возачите и за велосипедистите, но и за пешаците. Во овој дел од градот гравитираат околу 100.000 луѓе кои заслужуваат подобра инфраструктура.  Денеска, градоначалнивите на Град Скопје и на Општина Чаир, Орце Ѓорѓиевски и Изет Меџити, го означија …

Почна реконструкцијата на улицата „Лазо Трповски“ во Чаир Read More »

Град Скопје бара надлежност над Калето за да ги средат и скривниците


Град Скопје поднел барање до Владата за да го преземе владеењето со скопското Кале, соопшти денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со овој простор, вклучително и депониите под тврдината, а особено во врска со лошата состојбата на скривниците, кои се нефункционални и комплетно запуштени. Ѓорѓиевски посочи дека поголемиот дел од просторот …

Град Скопје бара надлежност над Калето за да ги средат и скривниците Read More »

Инспекциска акција во Центар, нема толеранција за диви депонии и небезбедни напуштени објекти


Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ „Буњаковец“. На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот …

Инспекциска акција во Центар, нема толеранција за диви депонии и небезбедни напуштени објекти Read More »

Прекин на водоснабдување во Карпош 1 поради дефект на водоводна цевка, во Шуто Оризари нема струја


Прекин на водоснабдување во Карпош 1 поради дефект на водоводна цевка, најавен и прекин на електрична енергија во дел од Шуто Оризари. Дел од жителите на Скопје денеска ќе останат без вода и електрична енергија поради дефекти и технички интервенции. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради уличен дефект на водоводна цевка Ф-80 мм …

Прекин на водоснабдување во Карпош 1 поради дефект на водоводна цевка, во Шуто Оризари нема струја Read More »

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа


Со засилено темпо продолжуваат активностите за уредување на кејот на реката Вардар, проект кој Град Скопје го спроведува со цел создавање современ и функционален јавен простор достапен за сите граѓани, објави градоначалникот Орце Ѓоргиевски на својот Фејсбук профил. Според објавата, уредувањето на кејот е еден од клучните приоритети на градската администрација. Градоначалникот потсети дека веднаш …

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа Read More »

Училишна сала со трибини за гледачи се гради во Влае


Денеска се постави камен-темелник за нова спортска сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош, која ќе има и трибини, односно, наптревари во неа ќе мое да следат околу 400 гледачи. Како што рече градоначалникот на Карпош, Сотир Луковски, таа ќе биде градена по највисоки стандарди, ги следи стандардите на сите меѓународни спортски федерации. …

Училишна сала со трибини за гледачи се гради во Влае Read More »

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите


Сојузот на синдикати денеска напладне ќе ја реализира втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. По блокирањето на влезовите на македонското Собрание во понеделникот, денеска ќе биде блокирана Стопанската комора во центарот на Скопје.  Блокадата на Комората е поради, како што …

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите Read More »

Општина Аеродром казни градилиште со 1.300 евра – камионите возеле со валкани тркала


Општина Аеродром информира дека спроведува засилен инспекциски надзор и дека е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице поради прекршување на Законот за јавна чистота. – При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле …

Општина Аеродром казни градилиште со 1.300 евра – камионите возеле со валкани тркала Read More »

Центар е домаќин на обука за наставници за детските права


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски присуствуваше на обуката за наставници во центарското основно училиште „Свети Кирил и Методиј“, која се реализира во рамки на проектот „Нашите права“, проект на Република Словенија, насочен кон унапредување на образованието за човекови права и правата на детето. На обуката присуствуваа амбасадорот на Република Словенија во земјава Грегор Прескер, …

Центар е домаќин на обука за наставници за детските права Read More »

Пренасочување на сообраќајот кај клучката Хиподром поради сообраќајка, магла на Стража и Плетвар


На патниот правец Куманово – Скопје кај клучка Хиподром воведена е девијација поради случена сообраќајна незгода, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.Се бележат слаби врнежи од снег на Попова Шапка кои што не се задржуваат на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските …

Пренасочување на сообраќајот кај клучката Хиподром поради сообраќајка, магла на Стража и Плетвар Read More »

Почуствуван земјотрес во Скопје


Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер, вечерва во 22.05 часот, беше почувствуван во Скопје.  Земјотресот е регистриран на границата со Косово. Сеизмолошките станици, уште немаат официјално соопштение, но според некои веб-страници, бил на длабочина од 5 км.  Според страницата EMSC, земјотресот бил на територија на Косово, со јачина од 4,6 степени, на 19 …

Почуствуван земјотрес во Скопје Read More »

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”


Владата донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”. Со оваа одлука, како што информира владината прес-служба, се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје. – Се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Министерството …

Владата донесе одлука што ќе овозможи да се уреди паркирањето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” Read More »

Ѓорѓиевски почна со рушење на дискотеките во Градскиот парк – ќе гради Луна парк


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео на социјалните мрежи на кое се прикажува расчистувањето на просторот во Градскиот парк каде што е предвидена изградба на новиот Луна парк. Тој информира дека се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки и дека локацијата се подготвува за реализација на проектот.   „Ред мора да има. Се расчистува просторот …

Ѓорѓиевски почна со рушење на дискотеките во Градскиот парк – ќе гради Луна парк Read More »

Автобусите на ЈСП како меѓуградски – на некои линии паузираат и над 90 минути!


Како „малтретирање“  и „самоволие“, го оценуваат граѓани однесувањето на возачите на ЈСП откако на функцијата градоначалник на Скопје дојде Орце Ѓоргиевски. Ако се исклучат намерните опструкции на поранешната градоначалничка Данела Арсовска, оценката е дека во некои делови од денот градскиот сообраќај е полош од тоа време, а попладне не може да се нарече ни градски, …

Автобусите на ЈСП како меѓуградски – на некои линии паузираат и над 90 минути! Read More »