ЈП „Водовод и канализација“: Скопскиот канализационен систем не е место за одлагање секаков отпад
Апелираме до корисниците на канализациониот систем во град Скопје да се однесуваат одговорно и совесно, бидејќи истиот не претставува место за одлагање на секаков тип на отпад, алармираа попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје на Фејсбук.
Од јавното претпријатие информираа и за теренски работни активности за одржување на канализационата мрежа што се одвивале во текот на денов.
– ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје посветено спроведува теренски работни активности за одржување на водоводната и канализационата мрежа во градот со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците. Екипите на сектор „Канализација“ во текот на денешниот ден спроведоа активности за расчистување на шахти, отпушување на атмосферски канализации и чистење на сливници и фекални шахти – пишува во објавата на Фејсбук.