За што се помоли Орце Ѓорѓиевски на Божјиот гроб во Ерусалим? (видео)


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, присуствува на меѓународниот саем MUNI EXPO во Тел Авив, Израел, посветен на локалната самоуправа, паметните градови, урбаните иновации и управувањето со кризни ситуации.

Тој соопшти дека на настанот, на кој учествуваат претставници на градови, институции и компании од повеќе земји, се разменуваат искуства и современи решенија за поефикасно функционирање на локалните власти.

Ѓорѓиевски истакна дека Скопје треба да ги применува најдобрите светски практики во дигиталните услуги, комуналното управување и кризното менаџирање.

Посетата на Израел скопскиот татко ја искористи и да клекне врз Божјиот гроб и да се помоли. 

„Посета на Божјиот Гроб, во Ерусалим, Светата земја.
♥️ Миг во кој човек замолчува, а душата зборува.
Највозвишено чувство кое не се опишува со зборови“, напиша тој на социјaланите мрежи објавувајќи фотографија на која клекнат се моли врз Божјиот гроб.
 
За што се помоли Ѓорѓиевски во светата земја?
 
Под постот граѓаните му сугерираа да се помоли КХС да постави нови контејнери и да ги затвора при празнењето, но и да ја измие „3-та Македонска бригада“.