Нивото на Охридското Езеро 11 см над просекот за август


Фото: Б. Богдановска

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на кота 693,57 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Тоа е за 11 сантиметри над просечното ниво за август, утврдено на котата 693,46 метри надморска височина, односно 47 сантиметри над дозволениот минимум од 693,10 метри.

Температурата на водата, измерена утринава во 7:30 часот, изнесувала 26 степени Целзиусови, што е за 2,5 степени над просечната температура за август од 23,5 степени