Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер


Фото: Б. Грданоски

Времето и утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи, соопшти УХМР.

Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²). Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град.

Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.

Маскималните дневни температури ќе се движат во интервал од 29 до 38 степени.