Меџити: Паркот „Ринија“ ја покажува силата на соработката меѓу граѓаните, институциите и младите


Паркот „Ринија“ во Топанско Поле прераснува во успешен пример за соработка меѓу граѓаните, институциите и приватниот сектор, покажувајќи дека заедничкиот ангажман може да создаде поквалитетни јавни простори за заедницата, соопшти Општина Чаир. 

Создаден преку заедничка акција на Општина Чаир, ЈП „Паркови и зеленило“, студентите и младите од Универзитетот „Мајка Тереза“, паркот денес претставува жив простор каде се собираат граѓаните, децата и младите.

– Паркот ‘Ринија’ е доказ дека кога ќе се обединат граѓанската иницијатива, институционалната поддршка и енергијата на младите, се создаваат простори кои му даваат живот на маалото и го зајакнуваат чувството на припадност кон заедницата- , изјави Меџити.

За време на настанот организиран во паркот, млади музичари настапија пред жителите, додека семејствата и граѓаните уживаа во пријатна атмосфера исполнета со креативност, позитивна енергија и дух на заедништво.