Македонија домаќин на 17-тиот Меѓународен стоматолошки конгрес К4


Од денеска до 14 јуни, Македонија ќе биде домаќин на 17-тиот Меѓународен стоматолошки
конгрес К4, кој претставува еден од најзначајните стручни настани во областа на денталната медицина во регионот.

Меѓународниот конгрес е во организација на Стоматолошката комора на Македонија и за првпат под покровителство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Свеченото отворање на Конгресот ќе биде во петок, со почеток во 19:30 часот, во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, во присуство на претставници од фелата на денталната медицина, високи делегации од регионот и претставници на највисокиот државен врв на Македонија.

На Конгресот ќе учествуваат претставници од фелата на денталната медицина, високи делегации од регионот.