Без вода утре поголем дел од центарот на Скопје
Поради дефект на затварачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“, утре од 09 до 22 часот без вода ќе останат повеќе објекти во централното градско подрачје.
Според информациите од „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, трговскиот центар Мавровка, дел од Турска чаршија, Саат Кулата, улиците „Петар Ѓеоргиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“, дел од булеварот „Крсте Мисирков“, Крњево, Македонската телевизија, Ист Гејт.
Со намален притисок на вода ќе биде ниската зона од Автокоманда до Камник.