Без струја делови од општините Петровец и Сарај


Фото: Б. Грданоски

Без електрична енергија денеска во периодот од  08:00 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Бадар, Кожле и Блаце, корисниците од населба Тотинци и тунелите Катланово во општина Петровец, информира ЕВН Македонија.

Без струја во периодот од 08:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од село Сарај лоцирани позади старата џамија во општина Сарај.