Се асфалтира улицата „Гаврил Константиновиќ“ што го поврзува Лисиче со Реонски Центар
По повеќе децении, улицата „Гаврил Константиновиќ“ во Лисиче добива нов асфалт, а истовремено Општина Аеродром изгради и нова асфалтна врска меѓу Лисиче и Реонски Центар. Две значајни инвестиции за подобра инфраструктура и полесно движење на граѓаните.
Градоначалникот Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности што се одвиваат согласно со предвидената динамика.
Се асфалтира улицата во должина од 530 метри и вкупна површина од 2.330 квадратни метри, со што значително се подобруваат безбедноста и досегашните услови за движење во овој дел од населбата.
Со новото поврзување, жителите добиваат подобра сообраќајна врска меѓу Лисиче и Реонски Центар, како и побрза комуникација и побезбеден пристап.