Дел од општина Центар без вода
Поради промена на противпожарен хидрант со пречник од 80 милиметри (ППХ Ф-80 мм) на улицата „Киро Крстевски Платник“ бр. 2 во општина Центар, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на делот од улица „Коле Неделковски“ на потегот од улицата „Никола Тримпаре“ до улицата „Киро Крстевски Платник“.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до санирање на дефектот.