Општина Чаир се поднови со 100 контејнери


Општина Чаир соопшти дека продолжува со инвестициите во подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Од денес започна поставувањето на 100 нови контејнери на територијата на општината, на локации каде што потребата е најголема, со цел поефикасно собирање на отпадот и подобрување на чистотата во различни населби на Чаир.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден од приоритетите на општината.

„Континуирано инвестираме во создавање подобри услови за граѓаните. Поставувањето на 100 нови контејнери и проширувањето на мрежата на подземни контејнери се дел од нашата посветеност за почист, поуреден и пофункционален Чаир за сите,“ изјави Меџити.

Истовремено, Општина Чаир продолжува и со проширување на мрежата на подземни контејнери. Досега се поставени 15 подземни контејнери, а по обезбедувањето средства преку Програмата за урбан развој, активностите ќе продолжат и на нови локации на територијата на општината.