Конференција за одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и Градскиот воз


Во организација на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“-Скопјe денеска ќе се одржи Конференција за одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и Градскиот воз.

Како што информираат организаторите, конференцијата има за цел да поттикне дијалог, соработка и размена на искуства меѓу сите чинители кои работат кон создавање на поквалитетен и поодржлив транспорт за сите граѓани. 

Учесниците на конференцијата ќе имаат можност од прва рака да ги искусат различните форми на јавен и активен превоз преку организирано возење со автобус по трасата на БРТ, возење по Рута 2 од најавениот Градски воз и велосипедска тура низ скопската велосипедска инфраструктура.