Владата го раскина договорот за Иловица


Владата на последната седница во Куманово донесе Одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот “с. Иловица”, во општина Босилово. Со оваа одлука Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот “с. Иловица”, општина …

Владата го раскина договорот за Иловица Read More »

Ременски денес дава исказ за „Рекет“


Пратеничката Фросина Ременски денес во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, дава исказ како осомничена во истрагата за „Меѓународен сојуз“.Ременски два дена вршеше увид во доказите кои во истрагата ги прибрала обвинителката Вилма Русковска, но по увидот рече дека „видела сѐ, освен докази”. „Јас го остварувам моето право согласно законот. Не би коментирала …

Ременски денес дава исказ за „Рекет“ Read More »

Заев: Спасовски и Царовска се можни кандидати за технички премиер


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не постојат причини, ниту потреба за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април догодина. Наскоро ќе се знае составот на техничката влада кој треба да се формира на 100 дена пред избори, а како можни кандидати за технички премиер ги спомена актуелните министри за внатрешни работи и …

Заев: Спасовски и Царовска се можни кандидати за технички премиер Read More »

Жбогар не гледа потреба од ветинг во судството


Евроамбасадорот Самуел Жбогар во моментов не гледа потреба од ветинг во судството. Пораката ја испрати по гласните пораки на власта дека судството мора да помине низ овој процес. Шефот на мисијата на ЕУ во земјава смета дека ветингот би требало да биде последно решение бидејќи судството него не било во така лоша состојба. „Ветингот секогаш …

Жбогар не гледа потреба од ветинг во судството Read More »

Предлог-буџетот за 2020 година влегува на пленарна седница


Во Собранието од денеска на пленарна седница почнува расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година кој ги содржи 12-те прифатени амандмани во текот на расправата во Комисијата за финансирање и буџет, а во фокусот се инвестиции во човечкиот капитал. Приходната страна на Предлог-буџетот за 2020 година е предвидена за 3,6 милијарди евра што претставува раст …

Предлог-буџетот за 2020 година влегува на пленарна седница Read More »

Заев: Никогаш повеќе режим


Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев од  предизборната трибина „На прав пат“ во Скопје им порача на членовите и симпатизерите на владејачката партија, во следниот период да се придржуваат до три правила со кои ќе обезбедат сигурна победа на предвремените парламентарни избори на 12 април – постојано да се зборува за економските успеси и …

Заев: Никогаш повеќе режим Read More »

Мицкоски ќе го разреши советникот што вперил пушка во соседот


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  одговарајќи на новинарско прашање за советникот во неговиот кабинет Томислав Димитровски кој беше вмешан во инцидент рече дека ќе побара разрешување. „Правдата не треба ние да ја земаме во свои раце. Има органи во државата кои што треба таа правда, нормално, да ја реализираат. И, доколку некој се чувствува нападна, …

Мицкоски ќе го разреши советникот што вперил пушка во соседот Read More »

Денес почнува наградната игра Мој ДДВ


Од денес со скенирање на секоја фискална сметка преку апликацијата МојДДВ, секој полнолетен граѓанин е потенцијален добитник на една од 3.852 награди во вкупен износ од половина милион евра. Секој ден се скенира за 10 дневни награди – 4 од 1.000, 3 од 2.000 денари и 3 од 3.000 денари. Недобитните сметки од дневниот циклус …

Денес почнува наградната игра Мој ДДВ Read More »

СДСМ ќе ја преиспита коалицијата со ДУИ


Само неколку месеци пред изборите, СДСМ најави ќе ја разгледа коалицијата со ДУИ, откако партијата поднесе над неколку илјади амандмани со кои се блокира Изборниот законик За лидерот на партијата Зоран Заев, сомнително е поднесувањето на илјадници амандмани од страна на ВМРО и ДУИ на истиот предлог-закон. Поднесувачите на иницијативата за една изборна единица,и за …

СДСМ ќе ја преиспита коалицијата со ДУИ Read More »

Пендаровски: македонскиот јазик е факт


Македонскиот јазик и македонската нација се факт и беспредметно е да се разговара за работи што се меѓународно признаени, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со тврдењето на Бугарската академија на науките (БАН) дека македонскит јазик е непостоечки. „Македонскиот јазик и македонската нација се факт. Македонскиот јазик е лингивистички факт …

Пендаровски: македонскиот јазик е факт Read More »

Ќе се бара решение за илјадниците амандмани за Изборниот законик


Несогласувањата околу промените во Изборниот законик кои резултираа со 6.000  амандмани од страна на  ДУИ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска ќе се  „пеглаат“ на состанок во Министерството за правда. Пратеникот од ДУИ Артан Груби  информираше дека министерката Рената Дескоска свикала состанок на сите парламентарни и вонпарламентарни партии, како и на претставници од граѓанскиот сектор и од …

Ќе се бара решение за илјадниците амандмани за Изборниот законик Read More »

Борис Џонсон победи со огромно мнозинство


Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон освои огромно мнозинство места во британскиот парламент – одлучувачки исход на изборите во кои доминираше Брегзитот. Ова би требало да му овозможи на Џонсон да го оствари својот план следниот месец да ја изнесе Британија од Европската Унија. Денеска се објавени 642 од 650-те резултати, според кои конзервативците имаат …

Борис Џонсон победи со огромно мнозинство Read More »

Заев: Ќе реагираме на ставот на БАН за негирање на постоењето на македонскиот јазик


Република Северна Македонија ќе реагира на оценката на Бугарската академија на науките (БАН) дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик, најави денеска премиерот Зоран Заев. – Ќе реагираме поради тоа што тоа прашање е дел од прашањето за решавање на проблемите помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија во Договорот за добрососедство и пријателство. Првите …

Заев: Ќе реагираме на ставот на БАН за негирање на постоењето на македонскиот јазик Read More »

Владата го усвои дополнетиот буџет за 2020 година, прифатени 12 амандмани


На денешната редовна 170-та седница, Владата на Република Северна Македонија го утврди текстот на дополнетиот Предлог-Буџет 2020 година. Владата прифати 12 амандмани за измени и дополнувања на Предлог Буџетот 2020, што произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии, и донесе одлука текстот на дополнетиот Предлог-Буџет за 2020 година да биде пуштен во Собранието на …

Владата го усвои дополнетиот буџет за 2020 година, прифатени 12 амандмани Read More »

УЈП: До петок исплата на поврат од ДДВ


Сите граѓани кои скенираат сметки до крајот на оваа недела треба да го добијат повратот на ДДВ на своите сметки, соопштуваат од Управата за јавни приходи. Ова е прва исплата од мерката на владата МојДДВ што почна во јули годинава и се однесува на периодот јули, август и септември 2019 година, а почна со исплата …

УЈП: До петок исплата на поврат од ДДВ Read More »

УЈП: ВМРО-ДПМНЕ должи близу 23 милиони денари кон „Полиестердеј“ за претседателската кампања


ВМРО-ДПМНЕ има долг од 22 милиони денари кон компанијата „Полијстердеј” за последната претседателска кампања, покажала контролата на Управата за јавни приходи спроведена на фирмата во септември и октомври годинава. Контролата е спроведена откако Управата во проверка на Полиестердеј за 2017 и 2018 година за данок на добивка констратирала одредени пропусти, со што се преминало кон …

УЈП: ВМРО-ДПМНЕ должи близу 23 милиони денари кон „Полиестердеј“ за претседателската кампања Read More »

Груби: ДУИ не знаела дека целиот Закон за јазици ќе биде испратен на Венецијанската комисија


Пратеникот на ДУИ Артан Груби вечерва во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма изјави дека ДУИ не знаела оти целиот текст на Законот за јазици ќе биде испратен пред Венецијанската комисија. Како што истакна Груби, ДУИ очекувала да бидат испратени само делови од законот, односно деловите кои се однесуваат на парите, хартии од вредност и …

Груби: ДУИ не знаела дека целиот Закон за јазици ќе биде испратен на Венецијанската комисија Read More »

Македонија го бојкотираше доделувањето на Нобеловата награда за литература на Петер Хандке


Македонија го поддржа бојкотот на церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда за литература на контроверзниот австриски писател Петер Хандке. Повеќето балкански држави го бојкотираа доделувањето поради тоа што Хандке му даваше поддршка на Слободан Милошевиќ и го негираше геноцидот во Сребреница. „Мора да се спротивставиме на негирањето на геноцидот“, порача денеска преку Твитер шефот на …

Македонија го бојкотираше доделувањето на Нобеловата награда за литература на Петер Хандке Read More »

Владата донесе решение да се укине Законот за пазарџиите


Владата на денешната седница донесе решение да се укине Законот за трговија на зелените пазари што беше донесен на иницијатива на повеќе пратеници и имаше одложено дејство и требаше да стапи на сила од 1 јануари 2020 годинa. Како што изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, анализите на Министерството покажале дека од законското решение ќе …

Владата донесе решение да се укине Законот за пазарџиите Read More »

Османи: Ќе ги почитуваме препораките на Венецијанската комисија, но законот нема да се менува


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешна средба со новинарите нагласи дека ќе ги почитуваат препораките на Венецијанската комисија за имплементација на Законот за јазици, но прво требало да се најде начин како да се импементира законот. – Можеби има различни интерпретации за начинот како ќе се имплементираат тие препораки. Венецијанската комисија вели не …

Османи: Ќе ги почитуваме препораките на Венецијанската комисија, но законот нема да се менува Read More »