(Видео) Честитка од Спасовски, Шекеринска и Димитров за Денот на НАТО


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров упатија честитки по повод 4-ти Април, денот на НАТО. Премиерот Спасовски во својата порака истакна дека по децении сонување дојде денот кој и ние ќе го одбележиме како […]

Сите здравствени работници да носат опрема, инаку ќе се казнуваат


На седумнаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан денеска, посебно внимание беше посветено на заштитата на медицинските работници и за обезбедувањето услови за максимална заштита во нивната секојдневна работа во справувањето во пандемијата. Едногласно преовлада заклучокот дека заштитата на […]

Мицкоски шири паника


Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, треба да се соочи со законот, бидејќи јавно изрече ужасна лага дека тестови за откривање на корона вирусот има само уште за еден ден и со тоа можеше да предизвика паника кај населението   Ерол Ризаов Изјавата на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека само за уште еден ден […]

Карантинот е идеално време за чистење на духот и телото: Искрено со Васил Зафирчев, актер


Лејла Сабит Фото: Иван Наунов Се појави како нешто мало и невидливо, за нас целосно непознато, но толку заканувачко што го прави поголемо и помоќно од нас самите. Вирусот е и опомена за нашиот погрешен концепт на живеење, кој се темели на материјализмот и егото, на алчноста и покорноста, на контролата и стравот. На нашиот […]

Интервентно ќе се набавуваат 200 респиратори


Владата денес ја разгледа и ја усвои Уредбата за интервентна набавка на респираторни машини за време на вонредна состојба, со која се уредуваат условите и постапката за интервентна набавка на 200 респираторни машини заради спроведување на мерките за справување со коронавирус КОВИД-19 за време на траење на вонредната состојба, согласно спецификација уредена со Уредбата со […]

ММФ ќе одобри 175 милиони евра за Македонија


Владата денес ја разгледа и ја усвои Информацијата според која Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговори на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра како помош за финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои […]

Филипче: Можно е со крвна плазма од излечените да се лечат заболените


Некои студии покажаа дека плазмата од пациенти кои се излекувани од корона вирус може да се користи во лекувањето на заболените. Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција, рече дека кај нас веќе се изготвува протокол на Институтот за трансфузиологија, што треба да биде готов во понеделник. Не е исклучено и за нашите пациенти […]

Брзите тестови за корона вирусот не се препорачуваат од СЗО


СЗО е исклучиво фокусирана на тестови за вирусологија и молекуларна дијагностика, бидејќи тоа е препорачан метод за идентификација на случаи со зараза. Серолошки тестови, како оние што се користат за испитување на имунолошкиот одговор на лицето кое се тестира, но не и на честичките на самиот вирус – како оние тестови кои се прават во […]

Нови 46 случаи на коронавирус, двајца починати на Инфективната клиника


Во изминатите 24 часа два пациента починале на Клиниката за инфективни болести Регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 430 лица. Како што соопшти Министерството за здравство, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од […]

Се олеснуваат условите за социјална помош


Лицата кои останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита. Eдна од клучните мерки во вториот сет мерки за олеснување на последиците од кризата предизвикана од КОВИД-19 е олеснетиот пристап до парична помош на лицата и семејствата на кои таа им е најпотребна. Заменик министерот за […]

Повик на линч на луѓето изолирани во хотелите – случајот пријавен во полиција


Полицијата постапува по повици за насилство врз луѓето во карантин, што се споделуваат низ социјалните мрежи, односно се повикува на линч на оние кои се наоѓаат во изолација во хотели низ Македонија. „Попладнево на социјалната мрежа ФБ беше споделуван пост од лице кое повикува на насилство кон нашите сограѓани кои се наоѓаат во хотелите кои […]

Што, всушност, се случува со вториот пензиски столб во Естонија


Мирче Јовановски Предлогот на ВМРО–ДПМНЕ за блиц реформа во пензискиот систем во земјава стана жешка тема на расправа во јавноста кај нас. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, повикувајќи се на реформите во Естонија, се заложи Вториот пензиски столб во земјава (или Задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување) да се припои на државниот пензиски фонд и така […]

Заев:  Во Словенија и Бугарија не помина економското цунами на ВМРО-ДПМНЕ


Осврнувајќи се висината на економската поддршка што Владата ја обезбедува за работниците и за стопанството, особено споредбено со земјите од регионот, претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Канал 5 нагласи дека  Македонија обезбеди помош соодветна на висината на БДП на земјата, но и на економската состојба на земјата во која ја остави ВМРО-ДПМНЕ. […]

Филипче: Имаме направено најголем број тестови на милион жители од целиот регион


Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во Владата информираше дека досега се направени вкупно 4.117 тестови за коронавирусот и оти земјава има направено најголем број тестови на милион жители од сите земји во регионот. –  Само Словенија има повеќе од нас. Значи над 2.000 тестови на милион жители што се смета за огромна […]

Околу 250 илјади вработени и 35 илјади компании можат да побараат помош за исплата на минимална плата


Со директната помош во износ од 14.500 денари за исплата на платите за април и мај се опфатени околу 250 илјади вработени и 35 илјади компании, рече на прес конференција премиерот Оливер Спасовски, презентирајќи детали од усвоените уредби со законска сила за спроведување на владината мерка за спас на работните места. „Дури 87 отсто од […]

Нови 30 заболени од корона вирусот во Македонија


Во изминатите 24 часа се регистрирани 30 нови случаи позитивни на коронавирусот во државава, и тоа 12 во Скопје, осум во Куманово, девет во Прилеп и еден во Крива Паланка, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 384 лица, соопшти Министерството за здравство. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во Скопје […]

Писонеро за МИА: ЕК ја подготвува преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија


Европската Комисија веќе работи на подготовката на рамката за преговорите со Северна Македонија и Албанија, откако лидерите на ЕУ дадоа зелено светло минатиот месец, јавува дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја потврди портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, за МИА. -Комисија сега ги подготвува предлозите за преговарачките рамки за Северна Македонија и Албанија, кои […]

Не е лесно да се стигне до бескаматните кредити на Развојна банка, велат стопанственици


Мирче Јовановски Патот до бескаматните кредити на Развојната банка, кои беа промовирани како мерка за помош на погодените претпријатија од корона кризата, и не е толку едноставен, велат сопственици на приватни фирми. Во реакции кои стигнаа до редакцијата на Независен.мк, тие велат дека во јавниот повик има неколку критериуми кои уште во процесот на аплицирање […]

Тестот за корона вирусот ќе поскапи и во приватните клиники


Никола Тодоров застана во одбрана на Венко Филипче од „една лоша, валкана и опасна пропаганда“ што ја прави неговата партија   Директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, ги оцени како „чист политички опортунизам и глупост од луѓе што не го разбираат системот како Фондот ги наплаќа услугите“ тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата прави профит […]

Франција: Војната со вирусот ќе се добие со бројот на креветите за интензивна нега


Француската влада изјави дека наскоро може да обезбеди 14.000 легла за интензивна нега, во споредба со 5.000 легла пред да започне епидемијата во јануари   Дејан Буѓевац (Специјално за „Независен“) Париз – Веќе неколку недели францускиот здравствен систем, кој се смета за светска референца во здравствената заштита, се соочува со најсилниот предизвик по Втората светска […]