Повик на линч на луѓето изолирани во хотелите – случајот пријавен во полиција


Полицијата постапува по повици за насилство врз луѓето во карантин, што се споделуваат низ социјалните мрежи, односно се повикува на линч на оние кои се наоѓаат во изолација во хотели низ Македонија.

„Попладнево на социјалната мрежа ФБ беше споделуван пост од лице кое повикува на насилство кон нашите сограѓани кои се наоѓаат во хотелите кои се наменети за државен карантин. Случајот го пријавив и се постапува. Повикот за линч, насилство и говор на омраза не смее и нема да биде толериран, без оглед кон кого е насочен“, напиша на Фејсбук, дополнителната министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Инаку, на Фејсбук се појави повик до сите „браќа и сестри“ да ги запалат хотелите во кои се сместени повратници во Македонија, кои дојдоа со хуманитарните летови организирани од Владата, по избивањето на пандемијата со корона вирусот.

На постот има фотографии од автобусите кои ги донесоа македонските државјани до Битола и беа сместени во хотелот „Епинал“ на Широк сокак.

Револт кон овие граѓани се појави уште истиот ден кога дојдоа, а министерот за здравство Венко Филипче повика да не се стигматизираат овие лица, затоа што тоа се здрави лица, кои поради мерките мора да поминат 14 дена излација.