Филипче: Можно е со крвна плазма од излечените да се лечат заболените


Фото: Б. Грданоски

Некои студии покажаа дека плазмата од пациенти кои се излекувани од корона вирус може да се користи во лекувањето на заболените.

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција, рече дека кај нас веќе се изготвува протокол на Институтот за трансфузиологија, што треба да биде готов во понеделник.

Не е исклучено и за нашите пациенти да се користи овој метод, со оглед на тоа што од Трансфузиологија рекле дека може да се подготви системот за да се одвојува плазмата од ковалесценти (пациенти кои не се целосно излечени).