СДСМ ќе ја преиспита коалицијата со ДУИ


Само неколку месеци пред изборите, СДСМ најави ќе ја разгледа коалицијата со ДУИ, откако партијата поднесе над неколку илјади амандмани со кои се блокира Изборниот законик За лидерот на партијата Зоран Заев, сомнително е поднесувањето на илјадници амандмани од страна на ВМРО и ДУИ на истиот предлог-закон.

Поднесувачите на иницијативата за една изборна единица,и за отворени листи на кандидатите  бараат да се повлечат амандманите.

Од ВМРО-ДПМНЕ нема да прифатат никаква расправа за промена на изборниот модел најмалку 1 година пред изборите.

Движењето Беса е за моделот со 3 изборни единици и отворени листи, но нема да поднесат амандмани за предлогот за една изборна единица.

Алијансата за Албанците е за отворени листи и осум изборни единици. И партијата на Села гледа поврзаност меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во врска со амандамните.