Владата донесе решение да се укине Законот за пазарџиите


Владата на денешната седница донесе решение да се укине Законот за трговија на зелените пазари што беше донесен на иницијатива на повеќе пратеници и имаше одложено дејство и требаше да стапи на сила од 1 јануари 2020 годинa.

Како што изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, анализите на Министерството покажале дека од законското решение ќе имаат штета сите, а особено пазарџиите поради што е предложено укинување на ова законско решение.

Бектеши информира дека во моментот Министерството за економија работи на ново законско решение, кое ќе треба да биде донесено в година, со кое ќе се уреди оваа тематика, а за неговото изготвување се прават консултации со сите засегнати страни.