Македонија го бојкотираше доделувањето на Нобеловата награда за литература на Петер Хандке


Македонија го поддржа бојкотот на церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда за литература на контроверзниот австриски писател Петер Хандке.

Повеќето балкански држави го бојкотираа доделувањето поради тоа што Хандке му даваше поддршка на Слободан Милошевиќ и го негираше геноцидот во Сребреница.

„Мора да се спротивставиме на негирањето на геноцидот“, порача денеска преку Твитер шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Тој соопшти дека му дал инструкции на амбасадорот на Северна Македонија во Шведска да не учествува на вечерашната церемонија во Стокхолм.