Предлог-буџетот за 2020 година влегува на пленарна седница


Во Собранието од денеска на пленарна седница почнува расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година кој ги содржи 12-те прифатени амандмани во текот на расправата во Комисијата за финансирање и буџет, а во фокусот се инвестиции во човечкиот капитал.

Приходната страна на Предлог-буџетот за 2020 година е предвидена за 3,6 милијарди евра што претставува раст од 5,6 отсто споредено со оваа година.

Кај расходната страна на буџетот планиран е раст од пет отсто во однос на минатата година со што вкупните расходи изнесуваат 3,9 милијарди евра.

Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3 отсто од БДП, што е пониско од нивото во 2019 година кога изнесуваше 2,5 проценти.

Капиталните инвестиции за 2020 година изнесуваат 23 милјарди денари и е предвиден согласно досегашната реализација и капацитет на институциите.

За 2020 година предвидени е пораст на економијата од 3,8 проценти и е базиран на пораст на личната потрошувачка поради зголемување на минималната, просечната плата како и зголемување на пензиите.

Расправата по буџетот согласно деловникот треба да трае најмногу пет работни дена.