Заразени уште 29 лица, сега вкупно 114 со корона вирус


Во земјава во изминативе 24 часа регистрирани се 29 нови заболени од коронавирусот. Најголемиот дел од заразените се од Скопје.Сега бројката на заразени се искачи на 114 лица во нашата земја. Освен градвите во кои досега беа регистрирани нови случаи, сега има еден заразен и во Куманово.По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово […]

(ВИДЕО)Армијата ќе ја контролира границата, Владата, Собранието…


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска извести дека од денес армијата ќе ја контролира целата граница на Македонија, за да може да се повлече полицијата бидејќи таа е обучена за справување со цивилни кризи како оваа со епидемијата. Армијата и полицијата заеднички ќе имаат мобилни екипи и ќе го контролираат влезот и излезот од одредени населени […]

(Фото) Сред епидемијата од корона вирус, нов шок: Ова се сцените по серијата силни земјотреси во Загреб


Во ек на епидемијата од корона вирусот, Загреб утрово доживеа уште еден шок – беше погоден од силен земјотрес од 5,3 степени по Рихтер. Граѓаните кои веќе екстремно загрижени поради пандемијата со Ковид 19, дополнително се вознемирија од земјотресот регистриран во близина на хрватскиот главен град. Ова се фотографии и видеа што ги објавија медиумите. […]

Руската војска пристигнува во помош на Италија


Руската војска ќе испрати медицинска помош во Италија во борба против корона вирусот по наредбата на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти руското Министерство за одбрана. Министерството соопшти дека од денес воените транспортни авиони ќе пристигнат во Италија со осум екипи воени лекари, специјални возила за дезинфекција и друга воена опрема. Путин синоќа разговарал со италијанскиот […]

(ВИДЕО)Владата воведе полициски час од 21 до 6 часот


Премиерот Оливер Спасовски преку вонредно обраќање вечерва најави дека од утре стапува во сила одлуката за воведување полициски час во земјата од 21 до 6 часот. Оваа одлука ќе важи  секој ден, а исклучок од забраната за движење ќе бидат итната медицинска помош, , припадниците на МВР, на армијата, противпожарните екипи и лицата вработени во […]

Корона вирусот го стави Оливер Спасовски во првата борбена линија


Големата криза со ширењето на Ковид-19,  која за првпат доведе до прогласување вонредна состојба, ги наруши сите планови околу развојот на политичката ситуација. Сега е извесно дека Спасовски и неговиот кабинет ќе ја дочекаат најмалку есента на „Илинденска“   Кога на почетокот на јануари Оливер Спасовски ја презеде функцијата технички премиер и се пресели од […]

Закажете тестирање преку „Мој термин“


Од денеска во функција е Кол-центарот во Здравствениот дом во Скопје со цел да се зголеми капацитетот на телефонските линии, на кои ќе можат да се јавуваат граѓаните, а од понеделник ќе функционираат и двата пункта во поликлиниките во „Јане Сандански“ и „Чаир“ за земање на брисеви за тестирање за коронавирус. Исто така, од понеделник […]

Нови девет случаи заболени од Ковид 19


Регистрирани 9 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12 часот, изнесува 85, соопшти министерот за здравство Венко Филипче, преку Фејсбук. Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид. Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката […]

Димитров: Сакаат дома, а не сакаат во карантин


  Министерот за надворешни работи Никола Димитров извести денес на прес конференција дека околу  2.300 македонски граѓани се пријавиле дека се заглавени низ целиот свет, но таа бројка варира. Фокусот на МНР е да им  помогне на тие на нашиот континет. -Ние немаме информација за нивната здравствена состојба, рече Димитров нагласувајќи дека државата не може […]

Спасовски: Кој не почитува самоизолација ќе биде во државен карантин на своја сметка


Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација ќе бидат спроведени во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка, трошоците за време на престојот во државен карантин ќе бидат на нивни товар, напиша премиерот Оливер Спасовски на Твитер. Тој синоќа објави дека државните инспекции се на терен и дека проверуваат дали […]

(Видео) Суперкомпјутер идентификувал 77 супстанци кои можат да го сопрат корона вирусот


Новиот вирус корона постави досега невиден предизвик за научниците, а брзината со која се шири диктира дека и тие ги забрзуваат нивните обиди за развој на вакцината против Ковид-19. И токму за вакви и слични работи е направен најбрзиот суперкомпјутер во светот, пренесува Си-Ен-Ен. „Самит“, суперкомпјутерот на IBM опремен со вештачка интелигенција (AI), спровел илјадници […]

Владата денес ќе расправа за воведување полициски час?


  Владата ја задолжи Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и пpeпopaки за воведување најстроги рестриктивни мерки во врска со спречувањето, внесување и ширење на корона вирусот (забрана и посебен режим на движење на територијата на Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на […]

Вкупниот број заразени со корона вирусот се искачи на 76 лица


Вкупниот број лица со корона вирус вечерва се искачи на 76, откако беа дијагностицирани уште шестмина позитивни на вирусoт, соопшти Министерот за здравство, Венко Филипче. „Попладнево се дијагностицирани 6 лица позитивни на корона вирус. Со ова, вкупната бројка на регистрирани пациенти позитивни на корона вирус во земјата е 76“, напиша министерот Филипче на неговиот Фејсбук […]

Вработен во МВР позитивен на коронавирусот


Информатичар во Одделот за информатика и телекомуникации во Министерството за внатрешни работи е позитивен на коронавирусот – Ковит 19, соопшти вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју на Канал 5. -Веќе се пратени луѓе во самоизолација, а со Институтот за јавно здравје, по препораките, извршена е дезинфекција во сите простории во кои што […]

(Галерија) Замре Старата скопска чаршија


Петок – прв ден на пролетта, а Старата скопска чаршија пуста. Ретките дуќанџии, кои се уште ги држат дуќаните отворени, седат на пролетното сонце, пред врата, чекајќи некој да влезе во продавницата, макар муабет да скршат со некого. Сепак, поради мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, граѓаните се претежно дома, а по старите […]

Груевски и Мицкоски како дуо трио


Груевски, Мицкоски и Николоски, ако бога знаете, не ѝ пејте реквием на Македонија и не повикувајте на паника и хаос, оти таа уште е жива и здрава и ќе го победи и ова планетарно зло ЕРОЛ РИЗАОВ Никола Груевски и Христијан Мицкоски ги извадија маските и сеат ли сеат  вируси низ Македонија поопасни од Корона. […]

Филипче: Уште три нови случаи – вкупно 70 заболени


Три нови случаи на заболени од корона вирус се регистрирани денеска во државава, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој појасни дека една пациентка е од Скоје која патувала во Србија, бабата на четиригодишното девојче од Штип, како и уште еден маж. Со 19 потврдени случаи, кои беа објавени утрово и новите три, во С. […]

Спасовски: Следната недела Северна Македонија и официјално 30. членка на НАТО


Северна Македонија денеска пристапува кон испраќање на документот за ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО, откако тоа претходно го сторија сите земји-членки, најави денеска на својот Фејсбук профил премиерот Оливер Спасовски. -НАТО и формално нè извести дека сите сојузници завршиле со ратификација на протоколот за наше членство. Денес, пристапуваме кон испраќање на нашиот документ […]

Наке Чулев: Не се размислува се уште за кризна состојба во Скопје како во Дебар


Техничкиот министерот за внатрешни работи Наке Чулев соопшти дека се уште не се размислува за воведување кризна состојба во Скопје како таа во Дебар , откако бројот на заболените од вирусот корона во главниот град го надмина тој во Дебар и во Центар Жупа. Според Чулев таа одлука сепак треба да ја донесе Владата, но […]

(Видео) Скај њуз ексклузивно од Бергамо


Британската телевизија Скај Њуз направи ексклузивно видео од болницата во Бергамо, по барање на докторите да му покажат на светот со што се соочуваат и сите да сфатат дека мора да се изолираат, за да се стави крај на многуте умирања и епидемијата. -Водиме војна и ја губиме, изјави еден од докторите кој вели дека […]