(Видео) Околу 15.000 отпуштени угостители, а бројот ќе се зголемува


Фото: Б. Грданоски

Туристичко угостителската комора на Македонија на прес-конференција објави дека илјадници угостителски објекти кои се дел од оваа комора нема да ги користат мерките на владата бидејќи тоа ќе значи нивно дополнително задолжување, што, како што велат, никој од нив нема да може да го издржи.

Од таму кажаа дека околу 60% од вработените 29 илјади веќе се одјавени, односно отпуштени се околу 15 илјади вработени во овој сектор, а овој процес на отпуштања ќе продолжи. Рекоа дека околу 80% од угостителските објекти не можат да исплатат плата ниту за март.

Рекоа дека сите би сакале да ги задржат своите вработени, но дека нема да можат бидејќи немаат приходи, со оглед на тоа што тие беа први затворени, а веројатно и последни ќе бидат отворени иако не се знае кога би било тоа.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/2827307390671300/?t=0