Притвореник во Шутка позитивен на корона вирус


Фото: Б. Грданоски

Министерот Венко Филипче соопшти дека еден притвореник во затворот во Шутка починал од срцен удар, но тестот потоа покажал дека бил заболен од корона вирус.

Во затворот се преземаат мерки за да се спречи ширењето на епидемијата.

Според министерот, кога бил примен во затворот на 8 март, притвореникот немал симптоми, но подоцна, откако починал, брисот се покажал позитивен на коронавирусот.Во тек се епидемиолошки анкети на сите оние што биле во близок контакт со него и резултатите ќе бидат објавени по завршените анализи.

Филипче додаде дека ќе се чека наодот на тестовите за да се види дали ќе се преземат други мерки во затворот, т.е. да се затвори.

Во Домот за стари лица, исто така има позитивен случај на корона вирус, и земени се брисеви на сите, а инспекторатот ќе испитува како се одвила целата ситуација.