(Фото галерија) Стигна авионот со помошта од Турција


Авионот со помошта во медицинска опрема од Турција стгна денес на аеродромот во Скопје. Таа содржи 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички тестови.

Помошта ја пречека министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој порача дека подавањето рака меѓу земјите дава надеж дека заедно побрзо ќе ги надминеме предизвиците.

.-Епидемијата од коронавирусот се претвори во глобална закана. Доживуваме трагични денови.Секој ден се повеќе имаме потреба од глобална соработка пред оваа глобална закана.Во овие денови лидерството и меѓународната солидарност имаат особена важност.Со ваква перцепција на работите, Република Турција испраќа медицински материјал низ земјите во светот со цел справување со епидемијата.Се разбира, нашите народи со векови живееле заедно на Балканот и во Македонија која е во срцето на Балканот, и секој пат го задржала своето место во срцето на Турција и турскиот народ. Ние ги уважуваме поимите братство и пријателство и се што е во тој дух, рече амбасадорот на Турција во земјата, Хасан Секизќок.

Според него медицинската опрема која стигна денес во Скопје заедно со себе носи љубов, пријателство и поздрави од претседателот Таип Реџеп Ердоган  и од турскиот народ, порачувајќи дека посакува таа да придонесе за  заздравувањето на „раните на македонскиот народ“.