Турција утре со авион ќе донесе медицинска помош за Македонија


Во рамките на борбата со COVID-19, Турција ќе и даде на  Македонија помош во медицински материјали. Според соопштението од Владата, помошта се состои  од  50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и 1.000 дијагностички тестови.

Авионот на турските воени сили кој го носи здравствениот материјал ќе слета на меѓународниот аеродром во Скопје утре попладне.

Предавањето на здравствниот материјал ќе се изврши од страна на амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок.