Заев: Никогаш повеќе режим
Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев од предизборната трибина „На прав пат“ во Скопје им порача на членовите и симпатизерите на владејачката партија, во следниот период да се придржуваат до три правила со кои ќе обезбедат сигурна победа на предвремените парламентарни избори на 12 април – постојано да се зборува за економските успеси и успесите во евроинтеграциите, никогаш повеќе да нема режим, и нулта толеранција за корупција, неодговорност, конфликт на интереси и опиеност од власт.
„Времињата на несигурност и нестабилност се зад нас. Тргнуваме по пат кој ни обезбедува подобар и повисок стандард и членство во семејство на нации ориентирани кон иднината и од оваа цел нема отстапување“, рече на почетокот Заев, кој беше поздравен со овации во салата во која имаше членови и симпатизери на владејачката партија и функционери од нејзините редови.
Промовирајќи ги принципите, до кои рече треба да се држат социјалдемократите, Заев побара од нив постојано да зборуваат, на прво место, за успесите во економијата. Во таа смисла, тој ги потсети на зголемените плати, пензии, социјалната помош з анајранливите, на мерките за поврат на средства, на намалување на невработеноста на 17,1 отсто.
„Второ правило е: режим никогаш повеќе. Не смееме да дозволиме да се заборави режмиот на ВМРО-ДПМНЕ пред две ипол години. Да потсетуваме на злоделата на ВМРО – ДПМНЕ, кога никој не знаеше која ќе ни биде иднината“, рече Заев и притоа направи споредба на она што се случувало во претходната власт и во нивно време.
„Светот ни се поклони за сите досегашни успеси, а тие беа шампиони по заробување на државата искарани со сиот свет. Ние остваруваме стратешки цели, а тие имотни листови од парцели и делони простории и пак се во долгови и банкрот. Само својот личенн интерес. По два бардаци вода да им дадете да чуваат и двата ќе ги украдат и ќе избегаат во Будимпешта“, рече Заев, алудирајќи на бегството на екс премиерот Никола Гуревски.
Во овој контакт тој се осврна и на борбата за правда, за која рече дека нема да запре и нема да има компромис со криминало, бидејќи тоа го очекуваат граѓаните од оваа власт.
„Пукавме бомби и ги ставивме во залог нашите животи. Нема таков суд, судија и обвинител кој ќе го запре овој процес“, рече Заев, по што говореше за судството и обвинителството како последна тврдина на бившиот режим, укажувајќи притоа дека се работи за поединци. Ја повика Антикорупциската комисија да отвори постапки за проверка на имотот на судиите и обвинителите, а УЈП, Катастар, Централниот регистар, МВР и Финансиската полиција уште овој месец да почнат проверки на имотот на судии, обвинители и членови на нивните семејства.
Европската комисија ја повика да го активира инсрументот за мониторинг на судски случаи од висок профил и со тоа прочистувањето на судството, како што рече, да почне веднаш и со тоа „последниот бастион да падне“ за да не се повтори судството зарбоено во тефтерче.
Како последно правило, Заев ја посочи нула толеранцијата кон корупцијата и судирот на интереси, неодговорноста и опиеноста од власта.
„Имавме грешки и слабости, но научивме лекции: нула толеранција за корупција, неодговорност конфликт на интереси, опиеноста од власта, кој сака нека биде“ рече Заев и најави дека по победата на изборите сите заедно ќе ги анализираат гршките од минатото и научените лекции, за да се посветат на заложбите, за никогаш повеќе да не с еврати режимот во земјата.
Денешната беше последната од серијата трибини „На прав пат“, со што се заокружува изработката на изборната програма. Првиот драфт ќе биде промовиран кон крајот на декември. Кон средината на следниот месец ќе биде објавена финалната изборна програма.