Меѓународен повик на Германската развојна банка за македонските компании за учество во регионални проекти


Министерството за енергетика и рударство на Црна Гора објави меѓународен јавен повик за доставување понуди за изведување работи за спроведување мерки за енергетска ефикасност во јавните образовни установи. Повикот е дел од проектот „Подобрување на енергетската ефикасност во јавните згради – озеленување на јавната инфраструктура во Црна Гора“. На овој начин, Црна Гора отвора дополнителни можности за македонските градежни, […]

„Ѓаволот носи Прада 2“ со 17 сали за премиерата во Скопје 


Синеплекс во Скопје, вечерва (29 април) организира најголема „Женска вечер“ оваа година, во чест на македонската премиера на филмскиот хит „Ѓаволот носи Прада 2“, за која се подготвени низа изненадувања за гостите – од коктели до ревија. За премиерата се пуштени во продажба билети за 17 сали. Дваесет години откако „Ѓаволот носи Прада“ ги освои […]

Хеклани чанти го освојуваат Скопје


Во автентична атмосфера, вчера, брендот YOVA  ја претстави својата нова колекција чанти „Блосом“ за сезона Пролет/Лето 2026. Преку колекцијата „Блосом“ се истражува идејата за цутење како процес – личен, емоционален и динамичен. Инспирирана од различните фази низ кои поминува жената, колекцијата носи пет модели на рачно изработени ташни, секој со свој карактер и израз. Гостите […]

„Еден е Драмски“ – гостувања на националните театри во Скопје во чест на јубилејот


Со гостувања на националните театри од денес Драмски театар продолжува со активностите во чест на одбележувањето на 80-годишнината на театарот. Манифестацијата е замислена како повеќедневна културна платформа на гостувања и средби што ќе ја афирмира продукцијата на македонските театри пред публиката во Драмски. Под мотото „Еден е Драмски!“ се организирани гостувања на кои се поканети […]

Јужноафриканскиот диџеј Блек Кофи со прв концерт во Скопје на 19 јуни


Популарниот јужноафрикански диџеј и продуцент Блек Кофи (Black Coffee) ќе го има првиот настап во Македонија на 19 јуни. Како што објави организаторот „Авалон“, журката ќе биде на отворено, на Стадионот на АРМ во Градски парк во Скопје. „Во моментов, Блек Кофи се смета не само за еден од највлијателните диџеи и продуценти на денешнината, […]

Били Ајлиш и Џејмс Камерон снимија 3-Д концертен филм од турнејата “Hit Me Hard and Soft”


Поп-ѕвездата  Били Ајлиш (24) ги здружи силите со познатиот режисер Џејмс Камерон (71) за да ја донесе својата турнеја “Hit Me Hard and Soft” на големото платно. Филмот „Били Ајлиш – Удри ме тешко и меко: Турнејата (во живо во 3D)“, кој ќе се појави во кината на 8 мај преку Paramount Pictures, е ко-режиран […]

Западот низ перспектива на Истокот – премиера на „Западен експрес“ утре во МНТ


Претставата „Западен експрес“ работена по текст на романскиот автор Матеј Вишњек, во режија на Јари Јутинен премиерно ќе биде изведена утре во 20 часот, на Малата сцена во МНТ, додека првата реприза е закажана за 4 мај. По тој повод денеска во малата сала на Македонскиот народен театар се одржа прес-конференција.  Претставата е копродукција меѓу МИ […]

Премиера на „Златокоса“ на сцената на Театарот за деца и младинци


Премиерата на детската куклена претстава „Златокоса“, од Горјан Милошевски и Драган Довлев, по мотиви од бајката „Златокоса и трите мечки“, ќе биде изведена вечерва во 19 часот на сцената на Театарот за деца и младинци во Скопје. Довлев, кој е и режисер на претставата, на вчерашната прес-конференција рече дека овој проект има четири општи цели, […]

Шанел го симна од тронот Сен Лоран како најпосакуван бренд


На крајот од првиот квартал од 2026 година, глобалната платформа за пребарување мода Lyst го објави најновото издание на својот Lyst Index, извештај за најбараните брендови и производи. Lyst Index ги зема предвид податоците од пребарувањето, интересот за купување и продажба, како и сигналите од социјалните медиуми, медиумите, пребарувањето и новите канали со вештачка интелигенција […]

Кој ги деградира Струшките вечери на поезијата?


Во година на јубилеј – 65 години од постоењето, Струшките вечери на поезијата (еден од ретките културни брендови по кои Македонија е препознатлива во светот), се соочуваат со прашањето како да се зачува значењето и угледот во светот, дома и во очите на Министерството за култура кој го одредува буџетот на годишно ниво. Сонот на […]

Битолски театар со „Кокошка“ вечер во Драмски 


Претставата „Кокошка“ на Битолскиот театар, вечер во 20 часот ќе биде изведена по 95 пат, токму на сцената во Драмски театар Скопје, а по повод 80. годишнината од постоењето на оваа театарска институција. Оваа претстава носи свет во кој апсурдот и реалноста се мешаат до точка на непријатна препознатливост, а ликовите чекорат по тенка линија […]

Во МАНУ предавање на истакнатиот кинески филозоф Оујанг Канг за вештачката интелигенција


Среда (29 април) во 12 ч, во МАНУ – предавање ќе одржи истакнатиот кинески филозоф Оујанг Канг (Ouyang Kang), на тема: GENERATIVE ARTIFICIAL INTELLIGENCE AND ITS MEANINGS IN THE PERSPECTIVE OF SOCIAL EPISTEMOLOGY. Д-р Оујанг Канг, професор и директор на Институтот за филозофија, директор на Институтот за социјални информациски студии, главен уредник на списанието за […]

Пратениците на ЕУ го поддржаа задолжителното микрочипирање на домашните миленици


Брисел– Европскиот парламент ги одобри првите правила на ниво на Европската Унија за подобра заштита на мачките и кучињата. Според новите правила, во иднина, мачките и кучињата во ЕУ мора да бидат идентификувани преку микрочипови и регистрирани во интероперабилни национални бази на податоци за справување со незаконска трговија со животни. Обврската ќе важи за продавачите, […]

Утрово најладно во Берово и Лазарополе, најтопло во Виница


 Утрово најниска температура од 4 степени целзиусови е измерена во Берово и Лазарополе, а највисока во Виница каде се регистрирани 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Mаврови Анови се измерени 5 степени, 6 во Тетово, Попова Шапка и Битола, 7 во Охрид, Претор и Струмица, 8 во Прилеп, Скопје – Петровец, Велес и […]

Тејлор Свифт поднесе барање за заштита на гласот и ликот од злоупотреба со вештачка интелигенција


Вашингтон – Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт поднесе барања за заштита на аудиоснимките со својот глас и лик, со цел да спречи злоупотреба со вештачка интелигенција. „Свифт поднела пријава за заштита на две аудиоснимки од својот глас, на кои го промовира новиот албум „Животот на шоу-девојка“ („The Life of a Showgirl“), каде што вели: Хеј, јас сум […]

Како ќе изгледа „Пиета во прекривките на ургентноста“ на Жерновски во македонскиот павилјон на Венециското биенале


Во Венеција денoвиве заминува уметникот Велимир Жерновски и тимот од Музејот на современата уметност – Скопје што го организираат македонското претставување на престижното 61. Биенале за уметност. Тие веднаш ќе почнат со поставување на монументалната инсталација „Дали моите очи ќе бидат затворени или отворени?“, која е дел од проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“, на […]

 „Сетилност и синестезија“ – есеи за македонската поезија и уметност од Иван Џепароски


„Матица македонска“ ја објави книгата „Сетилност и синестезија“ од Иван Џепароски — ново есеистичко, книжевно-критичко и естетичко остварување што ги отвора прашањата за сетилноста и синестезијата во книжевноста, визуелните уметности, естетиката и филозофијата на културата. Книгата е структурирана во четири поглавја: „Поезијата, сетилноста и синестезијата“, „Визуелните уметности и сетилноста“, „Естетиката и книжевноста“ и „Културата и […]

Американскиот Сенат блокира обид на демократите да го спречат Трамп да преземе воена акција против Куба без одобрение од Конгресот


Вашингтон – Сенатот на САД што е под контрола на републиканците, синоќа  блокираше резолуција предложена од демократите што би му забранила на претседателот Доналд Трамп да започне воена акција против Куба без одобрение од Конгресот. Сенатот гласаше со 51 наспроти 47 гласа, речиси целосно по партиска линија, за процедурна мерка со која беше блокирана резолуцијата […]

Без струја дел од ул. „Ленинова“ во Центар, без вода ул. „Качанички пат“ во Бутел


Без електрична енергија денеска од 08.30 до 15.30 часот ќе останат дел од корисниците од улица „Ленинова“ зграда 29 влез 1, 2 и 3 и ресторанот Sushi Co во општина Центар.  Прекинот е поради зафати во електродистрибутивната мрежа, најави РЦУК-Скопје, пренесувајќи известување од ЕВН Македонија. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекин […]

Изложба „Ехо во мразот“ на Исмет Рамиќевиќ во Македонскиот КИЦ во Софија


Изложбата „Ехо во мразот“ од еминентниот македонски ликовен уметник Исмет Рамиќевиќ ќе биде отворена вечерва во 18 часот во Македонскиот културен центар во Софија. Концептот на изложбата, како што соопшти Центарот, ја артикулира и рефлектира современата глобална воено-политичка реалност. Во ова актуелно време кога се одвиваат сè поголеми отворени и прикриени конфликти, оружјето повторно се […]