Првите критики за „Ѓаволот носи Прада 2“ пристигнаа – многу критичари се согласуваат за едно


Кога се појави во кината во летото 2006 година, филмот „Ѓаволот носи Прада“ беше еден од најголемите успеси на бокс-офисот таа година. Во текот на две децении, тој доби статус на икона и стана неопходен дел од поп-културата, а одличната екипа, предводена од Ен Хатавеј, Мерил Стрип, Емили Блант и Стенли Тучи како Енди Сакс, […]

Сонце, песок и 2.000 години историја: Преглед на античката ривиера на Анталија


Туризмот базиран на можностите за автентично доживување на културното и историското наследство на одредена дестинација, се развива сѐ побрзо во последниве години. Тоа е поттикнато од зголемената побарувачка за вакви патувања, како и од глобалните напори за зачувување на историската оставина, каде што влегуваат не само античките урнатини и спомениците, туку и живите традиции. Глобалниот […]

„Алкалоид“ со раст на инвестициите од 89%, консолидирани продажби од 85,1 милиони евра и 28 нови вработувања во земјата во периодот јануари – март 2026 г.


Најголемата фармацевтска компанија во земјава „Алкалоид“ АД Скопје ги објави финансиските резултати за работењето минатата година, со кои се потврдува како едно од најзначајните акционерски друштва кај нас.   Приходи од продажби   Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – март 2026 година продажбите достигнуваат 3.660.848.825 денари, што е за 6 % повеќе во […]

„TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ — VOL.10“ поради времето се сели во Филхармонија


Националниот џез оркестар годинава по десетти пат во Скопје го организира фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“, по повод Меѓународниот ден на џезот. Главната програма е закажана за четврток, 30 април, во Филхармонија наместо во паркот „Ибни Пајко“, со настапи на домашни и странски изведувачи – PEACH VICE (МК), NEXT TO SILENCE (МК), ARNAU GARROFÉ: […]

Улогите на Џеф Безос и неговата сопруга на Мет Гала 2026 се „вистински шлаканици“


Мет Гала обично е фокусирана  на висока мода, моменти на познати личности и мода што ги освојува насловните страници. Но, пред гала и донаторски настан, на 4 мај, 2026 година, разговорот се чини дека се менува. Според тврдењата на инсајдери, фокусот може да се оддалечи од изгледите на црвениот тепих и да се насочи кон […]

Мерил Стрип вели дека ако Миранда Пристли од „Ѓаволот носи Прада“ беше маж, „немаше да има филм“


Мерил Стрип смета дека Миранда Пристли е од суштинско значење за „Ѓаволот носи Прада“. 76-годишната Стрип отворено проговори во интервју за „Њујорк тајмс“, заедно со членовите на екипата на „Ѓаволот носи Прада“, Ен Хатавеј, Емили Блант, Стенли Тучи и режисерот Дејвид Франкел. Стрип глумеше во филмот од 2006 година како Миранда, моќната шефица на списанието […]

Објавен конкурсот за доделување на државната награда „11 Октомври” во 2026 година


Распишан е  Конкурсот за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2026 година, со која се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Конкурсот ќе трае од  1 до 30 мај 2026. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата […]

Трамп се сретна во Белата куќа со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Белата куќа се сретна со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“ и притоа се пошегува за своите вселенски амбиции, наведувајќи дека нема да има проблем да стане астронаут на НАСА, пренесе ДПА. „Мора да бидете многу паметни. Мора да правите многу работи физички добро“, им рече Трамп […]

Новитет при регистрација на возилата


Сопствениците на возилата добиваат код на својот мобилен телефон и електронската адреса при регистрација на возилото, со цел да се избегнат било какви грешки при испраќањето на санкциите од „Безбеден град“, информираше Министерството за внатрешни работи. „При регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот […]

Без струја корисниците на дел од „Ловќенска“ во Карпош


Без електрична енергија денеска ќе останат корисниците на дел од улица „Ловќенска“ во општина Карпош. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека прекинот ќе биде поради зафати во електродистрибутивната мрежа.  Прекинот ќе биде во периодот од 09:00 до 14:00 часот и тоа за дел од корисниците од „Ловќенска“ бр. 27, 29, 31, 33, 35 и 37. 

РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на продолжениот празничен викенд


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод претстојниот празник 1 Мај и продолжениот викенд упати апел за максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот. Во апелот се наведува дека претстојниот продожен викенд, по повод празникот 1 Мај, очекувано е да се користи за патување, излети […]

Трамп размислува за намалување на американскиот воен контенгент во Германија


Вашингтон, 30 април 2026 (МИА) – Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека размислува за намалување на бројот на американските војници стационирани во Германија. Таа најава следува по неговата вербална расправија со германскиот канцелар Фридрих Мерц во врска со политиката кон Иран. „Соединетите Американски Држави во моментов ја разгледуваат можноста за намалување на нашето воено присуство во […]

Без вода корисниците на потегот од Поликлиника „Букурешт“ до „Сити Мол“


Без вода денека ќе бидат корисниците на потегот од Поликлиника „Букурешт“ до „Сити Мол“, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје.  Прекинот на водоснабдувањето е поради промена на вентил во шахта на булевар Партизански Одреди бр.64 А во општина Карпош и ќе трае од 10:00 часот до завршување со активностите. 

Муцунски во работна посета на Хрватска


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, престојува во работна посета на Загреб, во рамки на која е предвидена средба со неговиот хрватски хомолог. На средбата, информираат од МНРиНТ, двајцата министри ќе разговараат за актуелните политички состојби во […]

Маѓар изјави дека имал „исклучително успешен“ разговор со Лајен за одмрзнување на еврофондовите за Унгарија


Брисел – Победникот на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар, на Фејсбук објави дека денеска имал „исклучително конструктивен и успешен“ разговор со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, за замрзнатите европски фондови, кои „наскоро“ ќе бидат ставени на располагање на Будимпешта. Маѓар во својата објава забележува дека на 25 мај, откако веќе ќе ја […]

Речиси 25 проценти од првичните барања за азил во ЕУ поднесени од малолетници


Брисел – Речиси едно од четири првични барања за азил во ЕУ минатата година било поднесено од малолетници, соопшти денеска Евростат, статистичката служба на ЕУ. Приближно 158.400 од оние што барале заштита биле на возраст под 18 години во 2025 година, што претставува 23,7 отсто од сите првични барања, додаде Евростат. Пропорцијата е особено висока […]

Атлетико и Арсенал одиграа без победник во Мадрид


Мадрид – Атлетико Мадрид и Арсенал одиграа синоќа на стадионот „Метрополитано“ нерешено 1-1 во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампиони. Двата гола беа постигнати од пенал. Арсенал поведе во 44. минута преку Ѓокереш, додека Алварез израмни за домаќините во 56. минута. Со ремито во Мадрид, фудбалерите на Арсенал ја продолжија својата серија без […]

Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег


Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со наврнат талог од 15 до 20 литри на квадратен метар. Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 30 април 2026 година, 120-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  245 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 31 минутa, а ќе зајде во 19 часот и 31 минути. Денов трае 13 часа и 59 минутa. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, […]

Висока мода на државната вечера на Трамп во чест на кралот Чарлс


Вашингтон – Првата дама Меланија Трамп се одлучи за висока мода на  државна вечера во белата куќа во чест на кралот Чарлс и кралицата Камила. Таа се појави на Јужниот тревник во бледо розов фустан без прерамки од Кристијан Диор. Фустанот го комбинираше со оф-бели оперски ракавици од велур и свилени чевли од делфиниум, исто […]