“Wind To Blow” (Ветер да Подујне) – промоција на новиот албум на Добрила и Дориан во рамки на Оффест
Во четврток, 21 мај, во Аудиокултура, во 19, 30 часот, ќе се промовира новиот компакт-диск на Добрила и Дориан “Wind To Blow” (Ветер да Подујне). Концертната промоција на албумот ќе се случи на 4 јуни, во НОБ, во рамките на 25. Оффест.

После “Апокриф” и “Пиле Шарено”, “Wind To Blow” (Ветер да подујне) е трет по ред албум на Добрила (вокал, вокални лупови) и Дориан (ут, лупер, електроника, програмирање). Албумот е снимен, миксан, мастериран и продуциран од Дориан Јовановиќ во Профундус студиото во Скопје. Дизајнот е на Ника Гавровска, а фотографиите на Наташа Величковска. Издание на SJF Records.
Сите детали и информации за фестивалот и неговата извонредно силна, колоритна, инспиративна и возбудлива програма ги имате на веб-страната www.offest.com.mk
Билетите се веќе во продажба и достапни онлајн на: http://www.offest.com.mk/mk/