Врачување на наградата „Роман на годината“ за 2025


Фото: Б. Грданоски

Во Друштвото на писателите на Македонија вечер во 19 часот ќе биде врачена наградата „Роман на годината“ за 2025 година.

Годинашен лауреат е писателката Оливера Ќорвезироска за романот „Три Марии“, во издание на „Арс Либрис“. Одлуката ја донесе петчленото жири составено од Калина Малеска, Ивана Трајаноска, Иван Антоновски, Иван Шопов и Катерина Богоева, со мнозинство гласови по повеќекратна селекција на пристигнатите дела.

На конкурсот, кој се одржува 27-ма година по ред во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“, годинава конкурираа 46 романи, а жирито ја донесе одлуката со мнозинство гласови, по претходно неколкукратно селектирање на пристигнатите романи.

Наградата се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари и е поддржана од Министерството за култура и туризам, додека генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје.

Музичката атмосфера на свечената церемонија ќе ја надополни Диџеј Шурбе.