Промоција на книгата „Современа уметност во постјугословенскиот простор: студии на случај во хаунтологијата“
Во КСП Центар – Јадро вечер во 20 часот ќе се одржи промоција и критичка дискусија по повод објавувањето на антологијата „Современа уметност во постјугословенскиот простор: студии на случај во хаунтологијата“/Contemporary art in the post-yugoslav space: case studies in hauntology“, издадена од „Routledge books“ во Њујорк и Лондон во 2025 година.
– Уредена од Џон Блеквуд и Јасмина Тумбас, книгата се занимава со културните и материјалните наследства на југословенскиот социјалистички период и нивните трансформации во услови на доцен капитализам. Посебно значајно е што антологијата посветува значително внимание на Македонија, преку текстови од Биљана Тануровска-Ќулавковски, Славчо Димитров, Бојан Иванов, Ивана Васева и Џон Блеквуд, кои ја анализираат историјата на уметноста и културната продукција од социјализмот до постсоцијалистичката сегашност – соопштија од КСП Центар – Јадро.
На настанот ќе учествуваат дел од авторите и уредниците на изданието, во разговор што ќе отвори прашања за значењето на поимите како хонтологија, квирност и неврзаност во денешните дебати околу југословенското минато, современата уметност и политиките на сеќавање.