Критики за Трамп поради одлуката за основање фонд за обесштетување на „жртвите“ на администрацијата на Бајден


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со критики поради основањето фонд вреден над 1,7 милијарда долари за наводни жртви на владини постапки поведени во времето на администрацијата на претседателот Џо Бајден.

Американското Министерство за правда соопшти дека фондот е резултат на спогодба и дека средствата ќе бидат наменети за обесштетување лица што тврдат дека биле жртви на политички или идеолошки мотивирани постапки на претходната администрација.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, ја нарече одлуката фарса обвинувајќи дека станува збор за начин за наградување политички сојузници и поддржувачи на Доналд Трамп.

Според американски медиуми, дел од средствата би можел да биде насочен кон поддржувачи поврзани со настаните од 6 јануари 2021 година во Капитол хил, а некои од нив подоцна беа помилувани од Доналд Трамп.