Без вода делови од Ѓорче Петров
Поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Лука Геров“ бр.38, денеска без вода ќе останат повеќе населени места во општина Ѓорче Петров.
Како што информираат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, прекин во водоснабдувањето од 8:30 часот ќе имаат корисниците од населбите Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на санацијата на дефектот.