Алкараз ќе го пропушти и Вимблдон
Мадрид – На неколку дена до почетокот на Ролан Гарос стигна лоша вест и за организаторите на Вимблдон. Победникот на годинашниов Австралија опен, Карлос Алкараз го откажа учеството поради повреда.
Шпанецот сезоната ја почна одлично со триумф во Мелбурн, потоа поради повреда на рачниот зглоб почнаа лошите резултати.
– Моето заздравување тече добро и се чувствувам многу подобро, но за жал уште не сум подготвен да се натпреварувам. Ги откажав двата турнира на тревната подлога, Квинс и Вимблдон, кои навистина ќе ми недостасуваат, напиша Алкараз на социјалните мрежи.
Тој поради повредата го откажа учеството на турнирите во Барселона, Мадрид, Рим и на Ролан Гарос.