Арсенал го победи Барнли и се приближи до титулата во Премиер лигата


Арсенал го победи Барнли со 1-0 во 37-то коло од Премиер лигата на домашен терен и се приближи до титулата англиски шампион. Победничкиот гол го постигна Каи Хаверц во 37-та минута од натпреварот по корнер. Арсенал има пет бода и еден натпревар повеќе од Манчестер Сити и сè е во негови раце пред последното коло.

Натпреварот беше решен во 37-та минута. По асистенцијата на Букаја Сака од корнер, Каи Хаверц ја испрати топката со глава во мрежата за водство од 1-0. И покрај шансите од двете страни, тоа остана единствениот гол на натпреварот, а Арсенал влезе во нервозно финале со минимална предност.

Натпреварот беше обележан со многу контроверзен момент во последните минути во кој стрелецот на единствениот гол, Каи Хаверц, избегна црвен картон. Тој тргна кон противничкиот играч со високо крената нога, со копачки на глава. Судијата не му покажа црвен картон, а откако ја провери одлуката, ВАР собата ја потврди одлуката.

Тимот на Микел Артета може да ја освои титулата уште во вторник. Манчестер Сити игра на гости кај Борнмут и ако не победи, математички нема да може да го стигне Арсенал во последното коло. Ако Сити победи, Арсенал ќе може да ја обезбеди титулата во недела кога ќе игра против Кристал Палас во последното коло.

Распоред на Арсенал:

38-мо коло, Кристал Палас (гости), 24 мај

Распоред на Сити:

37-мо коло, Борнмут (гости), 19 мај
38-мо коло, Астон Вила (дома), 24 мај