Прва дама на црвениот килим: Карла Бруни-Саркози ѕвезда во Кан


Кан – Канскиот филмски фестивал, освен што важи за еден од најпрестижните настани во светот на филмаџиите, го држи првото место за најочекуван црвен килим на годината. Славните парадираат меѓу папараците и обожавателите во нивните гламурозни креации за време на целиот 11-дневен фестивал на француската ривиера.

По многу ѕвезди од Холивуд и Боливуд, на црвениот килим на Кроазета прошета и прва дама, воедно и супермодел и модна икона- Италијанката Карла Бруни -Саркози (58) .

Поранешната француска прва дамa воодушеви со трите изгледи на црвениот килим, едниот со зебра – принт на Кавали, другиот-софистициран од кадифе и третиот од златен сатен на Селин. Се уште е вита иако има син тинејџер и 14-годишна ќерка во бракот со Саркози.

Карла Бруни-Саркози има носено многу различни „шапки“ во нејзините 50 години како топ-модел, меѓу кои најверојатно најпозната е таа како прва дама на претседателот на Франција, Никола Саркози, од 2008 до 2012 година. Но, сепак, пред сѐ нејзината најголема страст остана музиката – кариера во која се најде откако го направи успешниот чекор како модел, и не се откажа дури и поради временските ограничувања со нејзините политички обврски во поддршката на нејзиниот сопруг.