Нов филм од „Војна на ѕвездите“ доаѓа во Скопје


Обожавателите на франшизата „Војна на ѕвездите“ ќе имаат можност да бидат меѓу првите што ќе го видат новиот филм „Војна на ѕвездите“: Мандалоријанецот и Грогу, кој ќе биде прикажан на 21 мај во Синеплекс во Скопје Сити мол. 

Филмот е сместен во периодот по падот на Галактичката империја, кога воените водачи се расфрлани низ галаксијата, додека Новата Република се обидува да воспостави стабилност. Во такви околности, Мандалоријанецот и неговиот придружник Грогу се ангажирани да помогнат во одржувањето на редот.

Ова е првиот голем кинематографски наслов од франшизата „Војна на ѕвездите“ по филмот „Подемот на Скајвокер“ во 2019 година. Филмот носи спектакуларни акциони сцени, нови технологии и непријатели од светот „Војна на ѕвездите“, но и препознатливи хумористични моменти со ликот на Грогу, попознат на публиката како „Бебе Јода“.

Филмот е режиран од Џон Фавро, кој ги претстави првите 17 минути од филмот за време на годинешниот „CinemaSon“ во Лас Вегас, со забележителни визуелни ефекти.

Како што објави „The Hollywood Reporter“, Фавро во таа пригода изјави дека токму филмовите од серијата „Војна на ѕвездите“ го инспирирале да ја засака уметноста на филмот.

Музиката за филмот ја компонираше добитникот на Оскар, Лудвиг Герансон ( Опенхајмер, Грешници, Одисеја), додека познатиот режисер Мартин Скорсезе е исто така дел од проектот, позајмувајќи го својот глас на еден од споредните ликови. Главните улоги ги играат Педро Паскал, Џереми Ален Вајт, Сигурни Вивер и Џонатан Којн, според соопштението.