Trussardi официјално пристигнува во Скопје во Рамстор Мол
Отворањето на првата официјална продавница на Trussardi е на 21 мај во Ramstore Mall
Италијанскиот моден бренд Trussardi официјално пристигнува во Македонија со отворањето на својата прва монобренд продавница на 21 мај 2026 година во Ramstore Mall, на приземје.

Новиот продажен салон ќе понуди внимателно селектирана колекција на машка облека и аксесоари, како и женска колекција на кожни аксесоари, препознатливи по современ дизајн, врвен квалитет и италијанска елеганција.

Со својот најнов концепт „Gentle Society“, Trussardi претставува стил на живот инспириран од баланс, автентичност и внимание кон деталите. Колекциите се создадени за модерни мажи и жени кои ја ценат префинетата естетика и функционалноста во секојдневието.

Во новиот продажен простор посетителите ќе можат да уживаат во селекција на:
- машка колекција на облека и аксесоари;
- машка колекција на очила за сонце и парфеми
- женски кожни чанти и модни додатоци;
- современи парчиња инспирирани од италијанскиот lifestyle и урбана елеганција.

Отворањето на првата официјална продавница на Trussardi претставува значаен момент за домашната модна сцена и носи ново premium fashion искуство за љубителите на светски модни брендови во Македонија.
Сите љубители на модата се поканети на 21 Мај во Ramstore Mall, каде ќе имаат можност први да ја искусат новата Trussardi приказна во Скопје.
(Комерцијален текст)