Кривични и за родителите на малолетничките што физички нападнаа девојче во Ѓорче Петров


Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров денеска поднесе шест кривични пријави против родителите на малолетничките што беа вклучени во физичкиот напад врз 13-годишното девојче во Општина Ѓорче Петров, информираат од СВР Скопје. Полицијата ги товари родителите Е.А., А.М., Е.С., Р.С., Р.Г., С.А., В.И., Ѓ.И., А.Т. и Т.Т. по член 201 став 1 од Кривичниот законик. …

Кривични и за родителите на малолетничките што физички нападнаа девојче во Ѓорче Петров Read More »

Тинејџерка од Гостивар тешко повредена откако паднала при напад од улични кучиња


Тинејџерка од Гостивар завршила со тешки повреди откако паднала при обид да избегне напад од улични кучиња.  Во ОВР Гостивар, на 04.05.2026 година во 08:50 часот, од Медицинскиот центар во Гостивар било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била примена 19-годишна девојка од Гостивар. Според пријавеното, инцидентот се случил додека таа се движела …

Тинејџерка од Гостивар тешко повредена откако паднала при напад од улични кучиња Read More »

Европа повторно не е на маса и заостанува. Не сме подготвени за нова генерација вакви закани


Европската унија не е подготвена за нова генерација сајбер закани управувани од вештачка интелигенција, предупредуваат европратениците. Во писмо до Комисијата, тие истакнуваат дека постојните закони не можат соодветно да одговорат на алатки како Mythos, кои ги надминуваат луѓето во пронаоѓањето безбедносни ранливости. Триесет европратеници од шест политички групи ја предупредија извршната потпретседателка на Европската комисија, …

Европа повторно не е на маса и заостанува. Не сме подготвени за нова генерација вакви закани Read More »

По 6.000.000 денари за обезбедување, а безбедноста во училиштата ниска


Речиси никој не ја гарантира безбедноста во училиштата, особено по последните случи на неѓуврсничко насилство, но и случаите каде наставници и професори се фатени во недолично или агресивно однесување кон учениците.  Министерката за образование, Весна Јаневска и вчера, а и денеска вели дека ќе наложи да се воведат дежурства на наставниците во училиштатат, за време …

По 6.000.000 денари за обезбедување, а безбедноста во училиштата ниска Read More »

Уште е активен пожарот во Визбегово – пожарникарите на терен


Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен се ангажирани екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на негово целосно локализирање. Од Градот Скопје вчера посочија дека состојбата се следи внимателно, а институциите постапуваат координирано, со цел пожарот …

Уште е активен пожарот во Визбегово – пожарникарите на терен Read More »

„Луфтханза“ воведува подобри услуги на долгите летови, но крати на кусите


Германската авиокомпанија Луфтханза воведува подобрени услуги на летовите на долги релации во својата понуда, обидувајќи се да привлече патници на овие летови во период на оперативни тешкотии и тензии со вработените, додека на летовите на кратки и средни релации одлучи да намали одредени услуги. Оваа година, авиокомпанијата има намера да инвестира повеќе од 70 милиони …

„Луфтханза“ воведува подобри услуги на долгите летови, но крати на кусите Read More »

Нестабилно време со дожд, особено во петок


Времето во следните денови ќе биде нестабилно, односно, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок. Времето утре пак, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до …

Нестабилно време со дожд, особено во петок Read More »

Со шест нови училници и ООУ „Гоце Делчев“ ќе воведе едносменска настава


Во Основното училиште „Гоце Делчев“ – Општина Аеродром денеска беше поставен камен-темелник за изградба на шест нови училници. Инвестицијата, вредна 72 милиони денари, е поддржана од Владата и Министерството за образование и наука, а целта е создавање современи услови за учениците и наставниците, како и можност за воведување едносменска настава. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан …

Со шест нови училници и ООУ „Гоце Делчев“ ќе воведе едносменска настава Read More »

„Харибо“ со рекордна продажба: Се купуваат гумени бомбони место чоколадо – промена на навиките


 Германскиот производител на гумени мечиња Харибо постигна рекордна продажба минатата година, благодарение на популарните нови производи, но и на високите цени на чоколадото што ги натераа луѓето да купуваат други слатки, изјави во понеделник извршен директор на компанијата. „Нашата глобална продажба се зголеми за 4,5 проценти“, изјави главниот комерцијален директор на групацијата Харибо, Хервиг Венекенс, …

„Харибо“ со рекордна продажба: Се купуваат гумени бомбони место чоколадо – промена на навиките Read More »

ДЗР: Без дозволи и градежна документација се градело во Општина Илинден


    Не е извршено соодветно евидентирање на имотот на Општина Илинден и не се преземени активности за запишување на правото на сопственост. Изградбата на локални патишта и улици е без одобрение за градење, реконструкцијата на инфраструктурните објекти е без проектна документација, а распределбата на средствата за култура и спорт не е извршена на транспарентен …

ДЗР: Без дозволи и градежна документација се градело во Општина Илинден Read More »

Стоматолошката комороа со осуда за незаконското и неетичкото постапување на дел од колегите


Стоматолошката комора на Македонија во денешното соопштение изразува сериозна загриженост поради информацијата дека Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против поранешен претседател на Комората, како и против претседателот и членови на Комисијата за стручни стоматолошки прашања. Пријавата се однесува на сомненија за злоупотреба на службена положба и овластување. Комората …

Стоматолошката комороа со осуда за незаконското и неетичкото постапување на дел од колегите Read More »

Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци


Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата. Тригодишната програма нуди можност заинтересираните кандидати да ја развијат нивната кариера и да се стекнат со низа искуства во рамки на НАТО. Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат распоредени во различни тела на НАТО …

Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци Read More »

Вулкан еруптираше на Филипините


Вулкан во централниот дел на Филипините еруптираше рано утрово, исфрлајќи пепел од околу 800 метри во воздух, што ги натера властите да го одржат сегашното ниво на тревога, јавува Анадолу. Според Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs), ерупцијата на вулканот Канлаон се случила кратко по зората, при што пепелта се ширела кон запад. Второто …

Вулкан еруптираше на Филипините Read More »

Алармантни бројки од ЕУ: Случаите на сексуално насилство и силување се во пораст


Бројот на пријавени случаи на сексуално насилство во Европската Унија е во пораст, додека европските институции истовремено дискутираат за воведување на единствена дефиниција за силување врз основа на согласност. Бројот на пријавени случаи на силување и сексуално насилство во Европската Унија се зголемува во време кога Унијата се обидува да воведе дефиниција за силување врз …

Алармантни бројки од ЕУ: Случаите на сексуално насилство и силување се во пораст Read More »

Ќе се прска против комарци во Скопје


Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 07.05.2026 година (четврток), во раните утрински часови. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. …

Ќе се прска против комарци во Скопје Read More »

Најдобрите пинг понг играчи од Светот и во 2026 ќе се натпреваруваат во Скопје


Скопје се подготвува да ги пречека најдобрите светски пинг понг рекети, по втор пат во историјата на македонскиот пинг понг. Од 1 до 7 јуни во салата Јане Сандански во Скопје ќе се одржи така наречениот Контендер (Contender) пинг понг натпревар од серијата World Table Tennis. На помалку од месец дена до почетокот Словенецот Дарко …

Најдобрите пинг понг играчи од Светот и во 2026 ќе се натпреваруваат во Скопје Read More »

(Видео) Макрон пее, Пашињан удира на тапани: Сцена од Самитот стана хит


Францускиот претседател Емануел Макрон изведе класична француска балада пред гостите на важен европски самит во Ерменија. Неговиот настап се одржа за време на вечера одржана во негова чест во Ереван, главниот град на Ерменија, каде што се одржува самитот на Европската политичка заедница. Видео објавено на социјалните мрежи го прикажува ерменскиот премиер Никол Пашињан како …

(Видео) Макрон пее, Пашињан удира на тапани: Сцена од Самитот стана хит Read More »

Обама: Нетанјаху и мене ме наговараше на војна со Иран, сега го доби она што го сакаше


Поранешниот американски претседател Барак Обама предупреди дека Соединетите Држави ризикуваат катастрофална глобална штета ако нивните лидери ги напуштат основните човечки вредности. Обама индиректно се осврна на заканите на претседателот Доналд Трамп кон Иран, а изјавите ги даде во интервју објавено во понеделник во списанието „Њујоркер“. Во статија насловена како „Барак Обама ја разгледува својата улога …

Обама: Нетанјаху и мене ме наговараше на војна со Иран, сега го доби она што го сакаше Read More »

Работилница на ФИНКИ „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“


Работилница „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“ денеска ќе се одржи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) по повод Денот на македонскиот јазик.  -Работилницата ќе ни овозможи заеднички да ги истражиме постојните дигитални ресурси и алатки за македонскиот јазик, да ги препознаеме празнините и да поразговараме за можностите за нивно пополнување. Особено …

Работилница на ФИНКИ „Дигитални јазични ресурси за македонскиот јазик“ Read More »

Два земјотреса регистрирани во Србија во текот на ноќта


  Два земјотреса беа регистрирани во Србија ноќеска – земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 2:35 часот во регионот Бездан, соопшти Републичкиот сеизмолошки институт на Србија. „Интензитетот во епицентарот беше проценет на шестиот степен од Меркалиевата скала, што значи дека земјотресите со оваа јачина можат да предизвикаат мали …

Два земјотреса регистрирани во Србија во текот на ноќта Read More »