Дел од Ѓорче Петров без вода
Поради дефект на ул. „Ѓорче Петров“ бб до „Вардар Мебел“ во населба Ѓорче Петров, без вода од 19:15 часот се корисниците од ул. „Ѓорче Петров“, „Алексо Демниевски“, „Браќа Чакреви“, „Никола Пушкаров“, „Смољане“, „Јосиф Ковач“ и „Мечкин Камен“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.